Кангкар Пунсум

Координати: 28°02′54″N 90°27′15″E / 28.04833° СГШ; 90.45417° ИГД / 28.04833; 90.45417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кангкар Пунсум
གངས་དཀར་སྤུན་གསུམ
Врвот на Кангкар Пунсум
Највисока точка
Надм. вис.7.570 м [1]
Истакнатост2.995 м [1]
Координати28°02′54″N 90°27′15″E / 28.04833° СГШ; 90.45417° ИГД / 28.04833; 90.45417
Географија
Кангкар Пунсум на карта

Карта

Местобутанскокинеска граница
Матичен венецХималаи
Искачување
Прво освојувањенеосвоена

Кангкар Пунсум (ѕонгка: གངས་དཀར་སྤུན་གསུམ་) — највисока планина in Бутан и веројатно највисоката неосвоена планина во светот. Се издига на висина од 7.570 м, со истакнатост од 2.995 м.[1] Името би се превело како „бела планина на тројцата духовни браќа“.[2]

Планината лежи на границата со Тибет,[3] иако точната местоположба останува спорна. По отворањето на Бутан за планинарите во 1983 г. спроведени се четири експедиции, од кои на два наврата се направени неуспешни обиди за освојување на врвот (1985 и 1986 г.)[4] Во 1998 г. една екипа успеала да освои спореден врв на планината од тибетска страна.

Историја[уреди | уреди извор]

Планината од превојот Гопу Ла.

Висината на Кангкар Пунсум првпат се споменува во 1922 г. но до скоро картите биле сосема погрешни, прикажувајќи ја планината на различни места со различна висина до тој степен што првата искачувачка експедиција воопшто не успеала да ја најде планината.[4]

Во 1994 г. во Бутан е донесен закон со кој се забранува искачувањето на планини повисоки од 6.000 метри од почит кон верувањата на мештаните, а од 2003 г. планинарството е сосема забрането. Кангкар Пунсум веројатно ќе го задржи статусот подолго време бидејќи повисоките неосвоени врвови во светот не се главните на матичната планина.

Во 1998 г. една јапонска експедиција добила дозвола за искачување од Кинеското планинарско здружение, но истата е повлечена поради политички проблеми со Бутан. Следната година преку Тибет е освоен помалиот соседен врв Љенгканг Кангри, наречен и Кангкар Пунсум Север (7.535 м). За разлика од другите карти, во отчетот на оваа експедиција врвот се води во Тибет, а тибетско-бутанската граница е прикажана како поминува низ Кангкар Пунсум, опишан како „највисокиот врв во Бутан“ со 7.570 м.[5] Оваа висина одговара на наведеното во јапонските извори, кои пак се водат според кинески сознанија. Самите Бутанци немаат извршено мерење.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „High Asia II: Himalaya of Nepal, Bhutan, Sikkim and adjoining region of Tibet“. Peaklist.org. Посетено на 1 June 2014.
  2. Berry, S.K. (1988). „Kingdom Of The Thunder Dragon“. Himalayan Journal. 44. Посетено на 18 September 2014.
  3. Подробна расправа за местоположбата и висината на Кангкар Пунсум и Кула Кангри
  4. 4,0 4,1 Berry, Steven K. (1988). The Thunder Dragon Kingdom : A Mountaineering Expedition To Bhutan. Wiltshire: Crowood Press. ISBN 0-938567-07-1.
  5. Itami, Tsuguyasu (October 2001). „Gankarpunzum & First Ascent Of Liankang Kangri Mountain In Dispute On China-Bhutan Border“ (PDF). Japanese Alpine News. 1. Посетено на 18 September 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]