Дихтау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дихтау
Дыхтау / Дых тау
Dykhtau.jpg
Највисока точка
Надм. вис.5.205 м
Истакнатост2.002 м
Координати43°3′N 43°8′E / 43.050° СГШ; 43.133° ИГД / 43.050; 43.133Координати: 43°3′N 43°8′E / 43.050° СГШ; 43.133° ИГД / 43.050; 43.133
Географија
Место Кабардино-Балкарија
Земја Грузија Русија
Матичен венецКавкаски Планини
ТопокартаКарта и водич низ Кавказот: Безенги, Башил, Адајхох[1]

Дихтау (руски: Дыхтау, карачајско-балкарски: Дых тау) — планина во републиката Кабардино-Балкарија, Русија чиј врв лежи на само 5 км северно од границата со Грузија. Ова е втора планина по висина на Кавказот, по Елбрус и втора по висина во Европа. Името ѝ доаѓа туркискиот поим дик даг со значење „остра планина“.

Пристап[уреди | уреди извор]

Најдобриот пристап е од север (од руска страна). До селото Безенги се доаѓа од Наљчик (Кабардино-Балкарија) со јавен превоз кој сообраќа поретко; од ова место се изнајмува теренско возило до алспкиот логор „Безенги“ на висина од 2.180 м. Од логорот потребни се два дена за да се дојде до базата на искачување (шаторскиот логор). [2]

Искачувачки правци[уреди | уреди извор]

Ова е еден од највеличествените врвови на Кавказот кој гледа кон Ѕидот Безенги спроти истоимениот ледник. Првпат е освоен во 1888 г. од А. Мамери и Х. Царфлу преку Југозападниот Срт, иако денес искачувањето се одвива по Северниот Срт со тежина од 4Б според руската класификација.

Почнувајќи од Мисескош, до сртот се доаѓа најпрвин преку Западниот Срт на Мисестау, продолжувајќи кон шаторскиот логор крај висечки ледник кој се спушта од Северниот Срт на Дихтау, на 4 часа од Мисескош. Потоа се преминува длабоко всеченото седло помеѓу Мисестау и Дихтау, па се следи Северниот Срт сè до највисоката точка. Од шаторскиот логор потребни се два дена до врвот, а по Северниот Срт има неколку добри места за логорување.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Карта и водич низ Кавказот: Безенги, Башил, Адајхох (Карта) (I изд.). 1:100 000 со информации за искачување. Картограф: EWP. EWP/WCP. 1994. ISBN 0-906227-53-4.  (англиски)
  2. Кавказот од Елбрус до Казбек (Карта) (I изд.). 1:200 000 со општи информации. Водички карти. Картограф: EWP. Робин Колом Андрју Вјелоховски. 1993. ISBN 0-906227-54-2.  (англиски)
  3. Подробна карта на Дихау (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]