Чеџу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чеџу
Изворно име: 제주도
Прекар: Саму-самда-до
Слика од островот Чеџу
Слика од островот Чеџу
Map Jeju-do.svg
Мапа на островот Чеџу
Географија
Место Источна Азија
Архипелаг Чеџу
Површина 1.848 км2
Должина 73 км
Ширина 31 км
Најг. висина 1.950 м
Најв. точка Халасан
Управа
Јужна Кореја
Специјална автономна покраина Специјална автономна покраина Чеџу
Најголемо нас. место Чеџу (нас. 408,364)
Демографија
Население 621,550 (2014)
Густина 316 /км2
Народности Корејанци

Чеџу (корејски изговор: [tɕe.dʑu.do] Чеџудо; претходно Чеџу-до) е најголемиот остров во близина на брегот на корејскиот полуостров, и главниот остров на провинцијата Чеџу во Јужна Кореја. Островот се наоѓа во Корејскиот теснец, на југот на Јужната провинција Чола. Островот е природно светско наследство на УНЕСКО (види: Вулканскиот остров Чеџу и каналите од лава)[1]. Чеџудо, како инаку се нарекува, има умерена клима. Дури и во зима, температурата ретко паѓа под 0 °C. Чеџу е популарна дестинација за одмор и доста голем дел од економијата се потпира на туризмот и економската активност на неговата цивилно-поморска база.

Историја[уреди | уреди извор]

Историски имиња[уреди | уреди извор]

Историски гледано, островот се нарекувал со многу различни имиња, вклучувајќи:

  • Дои (хангул: 도이, ханча: 夷 буквално "Островот варварин")
  • Донгиеонџу (хангул: 동영주 ;ханча: 東瀛州
  • Џуо (хангул: 주호, ханча: 胡)
  • Тамора (탐모라, 耽牟羅)
  • Сеомра (섭라, 涉羅)
  • Тангна (탁라, 乇羅)
  • Тамна (탐라, 耽羅)
  • Келпарт или Келпарте
  • Џунвонхадо (준원하도, 준원下島 со значење: јужниот дел на полуостровот)
  • Тиксингнидо (хангул: 택승리도 - мирен топол остров)
  • Самдадо (хангул: 삼다도 - "Островот на трите изобилности")

Пред Јапонците да го анексираат во 1910 година, островот на Европјаните им бил познат како Келпарте. Името очигледно потекнува од првиот европски брод, холандскиот Келпарт, кој пристигнал на островот откако скршнал од својот пат до холандската трговска база во Нагасаки[2], Јапонија, од Тајван (тогашна холандска колонија Формоза).

Според корејската евиденција, флота од седумдесет јапонски пирати (вокоу) го нападнале островот Келпарт и соседните делови на корејскиот полуостров во 1555 година[3]. Кога Кореја била припоена на Јапонија во 1910 година, Чеџу станал познат како Саишу, што е јапонско читање на ханчата за Чеџу.

Пред 2000 година, кога владата на Сеул официјално ја усвоила ревидираната романизација на корејскиот јазик, Чеџудо бил напишан како Чеџу-до. Речиси сите писмени наводи за островот претходно го користеле тој правопис.

Чеџуанското востание[уреди | уреди извор]

Главна статија: Масакрот во Чеџу

Од 3 април 1948 до мај 1949 година, владата на Јужна Кореја спровела антикомунистичка кампања за да се задуши обидот за востание на островот.[4][5] Главната причина за бунтот биле изборите закажани за 10 мај 1948 година[6], дизајнирани од страна на Привремената комисија на Обединетите Нации за Кореја (UNTCOK) за создавање на нова влада за цела Кореја. Изборите биле планирани само за југот на земјата, половината од полуостровот кој бил под контрола на Привремената комисија на ОН. Плашејќи се дека изборите ќе ја засилат понатамошната поделба, герилски борци на Јужнокорејската работничка партија (СКЛП) реагирале насилно, напаѓајќи ја локалната полиција и десничарските младински групи стационирани на островот Чеџу[7].

Злосторства биле извршени од двете страни, но оние од Јужнокорејските владини сили биле најдобро документирани[8]. Во масакрот загинале помеѓу 30,000 до 60.000 луѓе[6], односно, според некои податоци, 10% од вкупното население на островот[8]. Околу 40,000 побегнале во Јапонија за да избегаат од борбите.[4] Децениите по востанието, сеќавањето на настанот се потиснувал од страна на владата со строги казнени мерки.[7] Сепак, во 2006 година, корејската влада се извинила за нејзината улога во убиствата и ветила репарации но до 2010 година, тие не биле исплатени[9].

Во 2008 година, тела на жртвите од масакрот биле пронајдени во масовна гробница во близина на Меѓународниот аеродром Чеџу.[10]

Географија[уреди | уреди извор]

Чеџудо е вулкански остров на кој се издига вулканот Халасан висок 1,950 метри и највисоката планина во Јужна Кореја. Островот попречно изнесува околу 73 километри, од исток кон запад и 41 километри,од север кон југ.

Островот се формирал од вулкански ерупции пред околу 2 милиони години, за време на кенозоикот. Се состои главно од базалт и лава.

Областа која покрива околу 12% (224 квадратни километри или 86 квадратни милји) од Чеџудо е позната како Готџавалска шума. Оваа област останала некултивирана до 21-от век, чија основа на 'A'ā лава била тешка за развивање земјоделство. Затоа оваа шума има посебна екологија. Таа е главниот извор на подземна вода и оттука главен извор на вода за половина милион луѓе на островот, бидејќи површински продира директно низ пукнатините на 'A'ā лавата под шумата. Готџавал од страна на некои истражувачи се смета за меѓународно значајно влажно тло[11] под Рамсарската конвенција, бидејќи е живеалиште на единствени видови на растенија и претставува главен извор на вода за жителите, иако до денес не е прогласен за рамсарска локација[12].

Формација[уреди | уреди извор]

  • Пред околу 2 милиони години, островот на Чеџу бил формиран со вулканска активност[13].
  • Пред околу 1.2 милиони години, магматска комора се формирала под морското дно и почнала да еруптира.
  • Пред околу 700 илјади години, на островот се формирал со вулканска активност. Вулканската активност потоа престанала за околу 100 илјади години.
  • Пред околу 300 илјади години, вулканската активност повторно се активирала долж крајбрежјето. 
  • Пред околу 100 илјади години, вулканската активност ја создала планината Хала.
  • Пред околу 25 илјади години, страничните ерупции околу планината Хала оставиле повеќе ореуми (помали 'паразитски' конуси на падините на основниот вулкански конус).
  • Вулканска активност запрела а постојаното атмосферско влијание и ерозијата помогнале да се формира островот.

Клима[уреди | уреди извор]

Чеџу има влажна суптропска клима, што го прави потопол од остатокот на Јужна Кореја. Има четири различни сезони на Чеџу. Зимите се студени и суви додека летата се топли, влажни, и понекогаш дождливи.

Во јануари 2016 година, студен бран влијаел на регионот. Поради снегот и студените временски услови биле откажани 1.200 летови на Чеџудо, со околу 90,300 патници[14].

Климатски податоци за Чеџу (град), Чеџудо (1981–2010)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 8.3
(47)
9.4
(49)
12.8
(55)
17.5
(64)
21.6
(71)
24.8
(77)
29.0
(84)
29.8
(86)
25.8
(78)
21.3
(70)
16.0
(61)
11.0
(52)
18.9
(66)
Сред. дневна °C (°F) 5.7
(42)
6.4
(44)
9.4
(49)
13.8
(57)
17.8
(64)
21.5
(71)
25.8
(78)
26.8
(80)
23.0
(73)
18.2
(65)
12.8
(55)
8.1
(47)
15.8
(60)
Прос. ниска °C (°F) 3.2
(38)
3.6
(38)
6.1
(43)
10.2
(50)
14.4
(58)
18.7
(66)
23.3
(74)
24.3
(76)
20.4
(69)
15.1
(59)
9.8
(50)
5.3
(42)
12.9
(55)
Прос. врнежи мм (ин) 65.2
(2.57)
62.6
(2.46)
88.6
(3.49)
89.6
(3.53)
96.4
(3.8)
181.4
(7.14)
239.9
(9.44)
262.5
(10.33)
221.6
(8.72)
80.3
(3.16)
61.9
(2.44)
47.7
(1.88)
1.497,6
(58,96)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) 12.6 10.3 11.2 10.0 10.4 11.8 12.5 13.5 10.8 7.0 9.3 10.8 130.2
Прос. релативна влажност (%) 65.3 64.9 64.9 66.5 70.4 76.8 78.3 76.5 73.7 66.9 65.1 65.1 69.6
Сред. бр. сончеви часови месечно 70.4 105.4 158.9 194.4 211.9 170.9 195.6 195.6 161.7 178.5 126.0 84.8 1.854,1
Извор: Корејска метеоролошка управа[15]
Климатски податоци за Сеогвипо-си, Чеџудо (1981–2010)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 10.7
(51)
11.6
(53)
14.4
(58)
18.5
(65)
22.0
(72)
24.6
(76)
28.3
(83)
30.1
(86)
27.4
(81)
23.4
(74)
18.2
(65)
13.2
(56)
20.2
(68)
Сред. дневна °C (°F) 6.8
(44)
7.8
(46)
10.6
(51)
14.8
(59)
18.6
(65)
21.7
(71)
25.6
(78)
27.1
(81)
23.9
(75)
19.3
(67)
14.1
(57)
9.3
(49)
16.6
(62)
Прос. ниска °C (°F) 3.6
(38)
4.4
(40)
7.1
(45)
11.3
(52)
15.3
(60)
19.2
(67)
23.5
(74)
24.6
(76)
21.1
(70)
15.9
(61)
10.6
(51)
5.9
(43)
13.5
(56)
Прос. врнежи мм (ин) 61.0
(2.4)
77.1
(3.04)
131.2
(5.17)
174.9
(6.89)
205.8
(8.1)
276.9
(10.9)
309.8
(12.2)
291.6
(11.48)
196.6
(7.74)
81.6
(3.21)
71.4
(2.81)
45.1
(1.78)
1.923
(75,71)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) 10.3 9.5 11.0 10.5 10.7 12.9 14.3 14.2 10.3 6.1 7.4 8.1 125.3
Прос. релативна влажност (%) 62.8 62.1 62.4 64.5 69.9 78.2 84.1 79.0 72.5 63.9 63.2 62.2 68.7
Сред. бр. сончеви часови месечно 152.2 152.6 174.0 190.9 199.0 144.2 142.1 184.2 176.1 207.1 170.5 161.8 2.054,7
Извор: Корејска метеоролошка управа[16]

Места[уреди | уреди извор]

Сеонгсан Илчулбонг или "Врв Изгрејсонце"
  • Лавински канал Манџангул, долг 8 км
  • Сеонгсан Илчулбонг или "Врв Изгрејсонце" вулкански конус и кратер (туф)
  • Халасан, централен и највисок врв на островот
  • Сеонгеуп (село)
  • Музеј на мечиња во Чеџу
  • Чеџу Лавленд, парк со љубовна и сексуална тематика
  • Музеј на чај О‘Сулок

Поморска база Чеџу[уреди | уреди извор]

Во 1993 година, Република Кореја (РК) започнала да планира поморска база на островот Чеџудо (Чеџу), а во 2007 година започнала изградбата во селото Ганџонг, со планирано завршување до 2011 година. Базата била планирана да прими 20 воени бродови, три подморници и два 150.000 тонски крстосувачки бродови, како приватно-воен комплекс, слично на оние во Сиднеј и Хаваи. Жителите на Чеџу, еколозите и опозициските партии се спротивставиле на базата, предизвикувајќи одложувања во изградбата.[20] Базата била завршена во 2016 година, а официјалното име е пристаништето Цивилно воен комплекс Чеџу. Активистите се противат на планот. Активистите се противеле на базата[21] тврдејќи дека ќеима лошо влијание врз околината и ќе му наштети на “Островот на мирот” како што властите го опишувале Чеџу.[22]

Види[уреди | уреди извор]

  • Чеџуански коњ, локална коњска раса
  • Чеџуански јазик

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Unesco names World Heritage sites". BBC News.
  2. User, Super. „The Dutch Came to Korea - CHOSON ARCHIVES“ (на en-gb). chosonkorea.org. http://chosonkorea.org/index.php/history/encounters-with-the-west/the-dutch-came-to-korea. посет. 11 февруари 2018 г. 
  3. 1883-1965., Sansom, George Bailey, Sir, (1961). A history of Japan, 1334-1615. Stanford, Calif.: Stanford Univ. Press. ISBN 0804705259. OCLC 16859819. https://www.worldcat.org/oclc/16859819. 
  4. 4,0 4,1 Hugh Deane (1999). The Korean War, 1945-1953. China Books&Periodicals, Inc. pp. 54–58.
  5. Merrill, John (1980). "Cheju-do Rebellion". The Journal of Korean Studies: 139–197.
  6. 6,0 6,1 „Jeju Uprising - New World Encyclopedia“ (на en). web.newworldencyclopedia.org. http://web.newworldencyclopedia.org/entry/Jeju_Uprising. посет. 11 февруари 2018 г. 
  7. 7,0 7,1 Hugh., Deane, (1999). The Korean War 1945-1953. San Francisco: China Books. ISBN 0835126447. OCLC 43456191. https://www.worldcat.org/oclc/43456191. 
  8. 8,0 8,1 1975-, Kim, Hun Joon,. The massacres at Mt. Halla : sixty years of truth seeking in South Korea. Ithaca. ISBN 9780801452390. OCLC 870273148. https://www.worldcat.org/oclc/870273148. 
  9. O, John Kie-Chiang (1999). "Korean Politics: The Quest for Democratization and Economic Development". Cornell University Press.
  10. Song Jung Hee, Islanders still mourn April 3 massacre, Jeju Weekly, March 3, 2010
  11. Jang, Yong-chang and Chanwon Lee, 2009, "Gotjawal Forest as an internationally important wetland," Journal of Korean Wetlands Studies, 2009, Vol 1.
  12. "Ramsar site list" (PDF). Archived from the original(PDF) on January 14, 2009.
  13. Woo, Kyung Sik; Sohn, Young Kwan; Ahn, Ung San; Yoon, Seok Hoon; Spate, Andy (2013) (на en). Jeju Island Geopark - A Volcanic Wonder of Korea. Geoparks of the World (closed). Springer, Berlin, Heidelberg. стр. 13–14. doi:10.1007/978-3-642-20564-4_5. ISBN 9783642205637. https://link.springer.com/chapter/10.1007/978-3-642-20564-4_5. 
  14. Ap, Tiffany (January 25, 2016). "Deaths, travel disruption as bitter cold grips Asia". CNN.
  15. „평년값자료(1981–2010) 제주(184)“. Korea Meteorological Administration. http://www.kma.go.kr/weather/climate/average_30years.jsp?yy_st=2011&stn=184&norm=M&x=31&y=7&obs=0&mm=5&dd=23. посет. 23 мај 2011 г. 
  16. „평년값자료(1981–2010) 서귀포(189)“. Korea Meteorological Administration. http://www.kma.go.kr/weather/climate/average_30years.jsp?yy_st=2011&stn=189&norm=M&x=18&y=5&obs=0&mm=5&dd=23. посет. 23 мај 2011 г. 
  17. „평년값자료(1981–2010) 성산(188)“. Korea Meteorological Administration. http://www.kma.go.kr/weather/climate/average_30years.jsp?yy_st=2011&stn=188&norm=M&x=27&y=11&obs=0&mm=5&dd=23. посет. 23 мај 2011 г. 
  18. „평년값자료(1981–2010) 고산(185)“. Korea Meteorological Administration. http://www.kma.go.kr/weather/climate/average_30years.jsp?yy_st=2011&stn=185&norm=M&x=22&y=17&obs=0&mm=5&dd=23. посет. 23 мај 2011 г. 
  19. „제주도상세기후특성집(2010) 윗세오름(871)“. Jeju Regional Meteorological Administration. http://web.kma.go.kr/aboutkma/intro/jeju/openinfo/press.jsp?bid=press2&mode=view&num=753&page=51&field=&text=&schGrp=%C1%A6%C1%D6%C3%BB. посет. 30 ноември 2010 г. 
  20. Jeju naval base: The Koreaherald.com, Published; 2016-02-29, - Retrieved 2017-03-05
  21. Save Jeju Now- Retrieved 2017-03-05
  22. Cheju / Jeju Naval Base: GlobalSecurity.org- Retrieved 2017-03-05