Г-20 големи економии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Група од дваесет министри за финансии и гувернерите на Централната банка

Областите во тенна сина боја се земјите членки на Г-20; светла сина се членови на Европската унија .
Кратенка G-20
Основана 1999
2008 (Summit)
Цел Најсилните економии и економиите во развој да разговараат за клучните прашања во глобалната економија.[1]
Членство
G-20 Chair  Јужна Кореја (2010)
Управа None[2]
Мреж. место http://www.g20.org/

Групата од дваесетте министри за финансии и гувернерите на Централната банка (позната како Г-20, исто така и како Г20 или Група на Дваесет) е група составена од министрите за финансии и гувернерите на Централната банка од 20 економии: 19 држави, плус Европската унија (ЕУ). Оваа група исто така, се состанала три пати на ниво на шефови на влади и тоа во: Вашингтон, во ноември 2008 година, Лондон во април 2009 и Питсбург во септември 2009 година. Планирано е следната средба да се одржи во Торонто, во јули 2010 година.

Заедно, Г-20 економиите претставуваат 85% од глобалниот бруто национален производ, 80% од светската трговија (вклучувајќи ја и трговијата во рамките на ЕУ) и две третини од светската популација.[2]


Г-20 е форум за соработка и консултации по прашања кои се однесуваат на меѓународниот финансиски систем. Овој форум проучува, прегледува и промовира дискусии помеѓу главните индустриски земји и земјите во развој за политички прашања, кои што се однесуваат на подобрувањето на меѓународната финансиска стабилност, а исто така се стреми кон разгледување на теми кои што не се во надлежност на секоја поединечна организација. [3]

По проширувањето на Г-20 на самитот во Вашингтон во 2008 година, на 25 септември 2009 година, лидерите изјавиле дека групата ќе го преземе местото на Г8 како главен економски Совет на богатите народи.


Организација[уреди]

Г-20 функционира без постојан секретаријат или персонал. Претседателсвото секоја година ротира помеѓу членовите и се избра од различни регионални групи на земјите. Претседателството е дел од тричлениот ротирачки управен одбор составен од минатите, сегашните и идните претседатели, познат како Тројка. Претседателот за време на својот мандат основа привремен Секретаријат кој ја координира работата на групата и ги организира нејзините состаноци. Улогата на Тројка е да обезбеди континуитет при работењето и управувањето со Г-20 во текот на годината .

Земји-членки и организации[уреди]

Во 2009 година, Г-20 броеше 20 членки. Меѓу нив се и министрите за финансии и гувернерите на Централната банка од 19 држави:

Дваесетиот член е Европската унија, која што е претставена од страна на ротирачкото претседателство на Советот и од Европската централна банка. Покрај овие 20 членови, на состаноците на Г-20 учествуваат и следниве форуми и институции кои што се претставени од нивните главени извршни директори :

  • Меѓународниот монетарен фонд
  • Светската банка
  • Меѓународниот монетарен и финансиски комитет
  • Комитетот за развој на ММФ и Светската банка

Членство[уреди]

Членството на Г-20 се состои од:

Членство не се однесува само на 19-те најголеми национални економии во светот за која било година. Организацијата определува: Во форум како што е Г-20, од особена важност е бројот на земјите-членки да биде ограничен и фиксен, со цел да се обезбеди ефикасност и континуитетот во работењето. Не постојат формални критериуми за членство во Г-20 и нејзиниот состав не се променил од создавањето. Што се однесува до целите на Г-20, се смета дека од голема важност е да бидат вклучени земјите и регионите кои што се од системско значење за меѓународниот финансиски систем. Исто така главна улога игра и географската рамнотежа и застапеноста на населението.

Според списоците објавени од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2008 година, сите 19 земји-членки се помеѓу 32-те најсилни економии според БДП врз основа на номиналните цени. Иако се повисоко рангирани од некои членки, во Г-20 не се вбројуваат: Швајцарија, Норвешка, Тајван, Иран и Венецуела. Шпанија, Холандија, Белгија, Полска, Шведска, Австрија, Грција и Данска се вклучени само како дел од ЕУ, а не самостојно. Според ММФ, сите 19 членки се помеѓу првите 24 во светот за 2008 година,во случај кога БДП на земјата се мери според стапките на паритетот на куповна моќ (ПКМ). Иран, Тајван и Тајланд не се членови на Г-20, додека Шпанија, Холандија и Полска се вклучени само како дел од ЕУ. Сепак, во листата на просечен БДП, пресметана за годините од создавањето на групата (1999-2008) како во номиналните така и во ПЧП стапките, единствено Шпанија, Холандија, Тајван, и Полска се појавуваат над која било членка на Г-20 во двете списоци истовремено.

Често се расправа околу тоа дека иако Г-20 овозможува поширока застапеност од Г8, нема право да донесува одлуки кои ќе се однесуваат на целиот свет, бидејќи нејзините земји-членки се избрани произволно. Г-20 нема свој чартер и нејзините дебати не се од јавен карактер,што ја прави "недемократска институција." Критичарите предложија алтернатива, како на пример Совет за економска безбедност во рамките на Обединетите нации, каде што членовите ќе треба да се избираат од страна на Генералното собрание врз основа на нивното значење во светската економија и придонесот што тие се подготвени да го дадат во светскиот економски развој.

Историја[уреди]

Г-20, која што ја земенила Г-33, која пак ја земенила Г-22, била најавена на Самитот на Г-7 во Келн во јуни 1999 година, но формално беше основана на состанокот министрите за финансии на Г-7 кој се одржа на 26 септември, 1999 година. Инаугуративната седница се одржала во Берлин од 15 декември до 16 декември, 1999 година. По покана од Франција во 2008 година, Шпанија и Холандија биле вклучени во Самитот на Г-20 на лидерите на финансиските пазари и на светската економија, а потоа од страна на Велика Британија биле признати како де факто членови.

Темата на Г-20 средбата во 2006 година била "Градење и одржување на просперитетот”. Прашањата за кои се дискутирало вклучувале национални реформи со цел да се постигне "одржлив развој", пазари на глобална енергија и стокови ресурси, "реформи" во Светска банка и ММФ, како и влијанието на демографските промени кои настануваат како резултат на стареењето на населението. Тревор А.Мануел (Trevor A. Manuel), пратеник, министер за финансии од Јужна Африка, бил претседавач со Г-20, кога Јужна Африка била домаќин на Секретаријатот во 2007 година. Гвидо Mантега (Guido Mantega), министер за финансии на Бразил, бил претседавач со Г-20 во 2008 година; Бразил предложил конкуренциски дијалог на финансискиот пазар, чиста енергија и економски развој и фискални елементи на растот и развојот. Во изјавата по состанокот на Г-7 на министрите за финансии кој се одржал на 11 октомври 2008 година, американскиот претседател Џорџ Буш (George W. Bush) изјавил дека следниот состанок на Г-20 ќе биде важен за изнаоѓање на решенија за (тогаш наречената) економска криза од 2008 година. Иницијативата на францускиот претседател Никола Саркози(Nicolas Sarkozy)и на британскиот премиер Гoрдон Браун (Gordon Brown) довело до одржување на специјален состанок на Г-20, Г-20 Самит на лидерите на финансиските пазари и на светската економија, на 15 ноември, 2008 година. Г-20 лидерите повторно се состанаа на 2 април 2009 година во Лондон.[4] Друг самит на Г-20 беше одржан на 24-25 септември 2009 година во Питсбург, Пенсилванија.[5]

Г-20 Самити[уреди]

Г-20 Самитот е формиран како резулатат на финансиската криза во 2007-2009 година како и на признанието дека новите клучни земји во развој не биле соодветно вклучени во економската дискусија и управувањето. Г-20 Самитите на шефовите на држави биле одржани како дополнување на Г-20 средбите на министрите за финансии и гувернерите на Централната банка кои продолжиле да ги подготвуваат главните Самити и да ги спроведуваат своите одлуки.

Средби на министрите за финансии и Гувернерите на Централната банка:

Јавна реакција[уреди]

Започнувајќи од 1999 година, се протестираше против голем број средби на Г-20. Додека повеќето од протестите започнале мирно, многу од нив се претвориле во насилни, со голем број повредени луѓе и со оштетувања на имоти во локалните области[6] Главните причини за секој протест може да се менуваат од состанок до состанок, па може да дојде дури и до бројни протести и за една иста средба. Сепак, силните чувства и неодобрувањето на протестантите не се менуваат. Очигледно е дека уште од почнувањето на протестите во 1999 година па до денес тие се насилни.

Видете исто[уреди]

Наводи[уреди]

  1. FAQ #5: What are the criteria for G-20 membership? from the official G-20 website
  2. 2,0 2,1 G-20 Membership from the official G-20 website
  3. Officials: G-20 to supplant G-8 as international economic council“, CNN, 25 септември 2009 (конс. 25 септември 2009).
  4. UK to host G20 financial summit" 26 ноември 2008 from the UK Prime Minister's Office
  5. US to host next G20 workd meeting BBC News, 28 мај 2009
  6. A history of violent protest at G20 world trade meetings Times Online, 21 март 2009