Список на градови-домаќини на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Откако почнале да се организираат модерните Олимписки игри во 1986 година, биле одржани 27 Летни олимпијади во 22 различни градови и 22 Зимски олимпијади во 19 различни градови. Освен тоа, три летни и две зимски изданија на игрите биле закажани да се одржат но биле откажани поради војна: Берлин (летни) во 1916, Токио (летни) и Сапоро (зимски) во 1940, и Лондон (летни) и Кортина д'Ампецо (зимски) во 1944. Летните олимписки игри 1906, одржани во Атина, повеќе не се официјално признати од Меѓународниот олимписки комитет (МОК), кој ги именува како Олимписки меѓуигри 1906.[1] Четири градови биле избрани од МОК да ги организираат следните Олимписки игри: Рио де Жанеиро за Летните олимписки игри 2016, Пјонгчанг за Зимските олимписки игри 2018, Токио за Летните олимписки игри 2020, и Пекинг за Зимските олимписки игри 2022.

Пекинг е единствениот град кој бил домаќин на Летни и Зимски олимписки игри. Седум градови биле домаќини повеќе од еднаш: Атина (Летни олимписки игри 1896 и 2004), Париз (Летни олимписки игри 1900 и 1924), Лондон (Летни олимписки игри 1908, 1948 и 2012), Сент Мориц (Зимски олимписки игри 1928 и 1948), Лејк Плесид (Зимски олимписки игри 1932 и 1980), Лос Анџелес (Летни олимписки игри 1932 и 1984), и Инсбрук (Зимски олимписки игри 1964 и 1976). Покрај тоа, Стокхолм бил домаќин на Летните олимписки игри 1912 како и на натпреварите во коњички спорт на Летните олимписки игри 1956. Во 2012 година, Лондон станал единствениот град кој три пати бил домаќин на Олимписки игри. САД биле организатори на осум изданија од Олимписките игри, повеќе од било која друга земја а потоа следува Франција со пет изданија. Канада, Германија, Италија, Јапонија и Обединетото Кралство биле организатори на три изданија.

Игрите главно биле организирани во Европа (30 изданија) и Северна Америка (12 изданија); пет изданија биле организирани во Азија а две изданија во Океанија. Во 2016 година, Рио де Жанеиро ќе стане првиот Јужноамерикански олимписки град домаќин, додека Африканскиот континент сеуште нема организирано Олимписки игри. Други големи географски региони кои немале прилика да бидат организатори се: Средниот исток, Индискиот потконтинент, Карибите, Средна Америка и Југоисточна Азија.

Градовите-домаќини се избираат од страна на членовите на МОК, обично седум години однапред.[2] Просецот на избор обично трае две години. Во првата фаза, било кој град во светот може да поднесе апликација за да стане град-домаќин. По десет месеци, извршниот одбор на МОК одлучува кои од овие градови апликанти ќе станат официјални кандидати базирани на препораките на работните групи кои ги прегледале апликациите. Во втората фаза, градовите-кандидати се истражуваат темелно од комисијата за проценка, која го стеснува изборот за град-домаќин на неколку градови. Градот-домаќин потоа се избира преку гласање на членовите на МОК на генерално собрание.[3]

Градови-домаќини[уреди | уреди извор]

Град Држава Континент Летни Зимски Игри Година Отварање Затварање
Атина  Грција Европа S005I Летни 1896 6 април 15 април
Париз  Франција Европа S005II Летни 1900 14 мај 28 октомври
Сент Луис  САД Северна Америка S005III Летни 1904 1 јули 23 ноември
Лондон  Обединето Кралство Европа S005IV Летни 1908 27 април 31 октомври
Стокхолм  Шведска Европа S005V Летни 1912 5 мај 22 јули
Берлин  Германија Европа S006VI Летни 1916 Откажани поради Прва светска војна[4]
Антверпен  Белгија Европа S007VII Летни 1920 20 април 12 септември[5]
Шамони  Франција Европа W001I Зимски 1924 25 јануари 4 февруари[6]
Париз  Франција Европа S008VIII Летни 1924 4 мај 27 јули[7]
Сент Мориц  Швајцарија Европа W002II Зимски 1928 11 февруари 19 февруари[8]
Амстердам  Холандија Европа S009IX Летни 1928 17 мај 12 август[9]
Лејк Плесид  САД Северна Америка W003III Зимски 1932 4 февруари 15 февруари[10]
Лос Анџелес  САД Северна Америка S010X Летни 1932 30 јули 14 август[11]
Гармиш-Партенкирхен  Германија Европа W004IV Зимски 1936 6 февруари 16 февруари[12]
Берлин  Германија Европа S011XI Летни 1936 1 август 16 август[13]
Сапоро  Јапонија Азија W005aV Зимски 1940 Откажани поради Втора светска војна[4]
Хелсинки  Финска Европа S012XII Летни 1940 Откажани поради Втора светска војна[4]
Кортина д'Ампецо  Италија Европа W005bV Зимски 1944 Откажани поради Втора светска војна[4]
Лондон  Обединето Кралство Европа S013XIII Летни 1944 Откажани поради Втора светска војна[4]
Сент Мориц  Швајцарија Европа W005cV Зимски 1948 30 јануари 8 февруари
Лондон  Обединето Кралство Европа S014XIV Летни 1948 29 јули 14 август
Осло  Норвешка Европа W006VI Зимски 1952 14 февруари 25 февруари
Хелсинки  Финска Европа S015XV Летни 1952 19 јули 3 август
Кортина д'Ампецо  Италија Европа W007VII Зимски 1956 26 јануари 5 февруари
Мелбурн
Стокхолм
 Австралија
 Шведска
Океанија
Европа
S016XVI Летни 1956 22 ноември
10 јуни
8 декември
17 јуни
Скво Вали  САД Северна Америка W008VIII Зимски 1960 18 февруари 28 февруари
Рим  Италија Европа S017XVII Летни 1960 25 август 11 септември
Инсбрук  Австрија Европа W009IX Зимски 1964 29 јануари 9 февруари
Токио  Јапонија Азија S018XVIII Летни 1964 10 октомври 24 октомври
Гренобл  Франција Европа W010X Зимски 1968 6 февруари 18 февруари
Мексико  Мексико Северна Америка S019XIX Летни 1968 12 октомври 27 октомври
Сапоро  Јапонија Азија W011XI Зимски 1972 3 февруари 13 февруари
Минхен  Западна Германија Европа S020XX Летни 1972 26 август 11 септември
Инсбрук  Австрија Европа W012XII Зимски 1976 4 февруари 15 февруари
Монтреал  Канада Северна Америка S021XXI Летни 1976 17 јули 1 август
Лејк Плесид  САД Северна Америка W013XIII Зимски 1980 12 февруари 24 февруари
Москва  СССР Европа S022XXII Летни 1980 19 јули 3 август
Сараево  Југославија Европа W014XIV Зимски 1984 7 февруари 19 февруари
Лос Анџелес  САД Северна Америка S023XXIII Летни 1984 28 јули 12 август
Калгари  Канада Северна Америка W015XV Зимски 1988 13 февруари 28 февруари
Сеул  Јужна Кореја Азија S024XXIV Летни 1988 17 септември 2 октомври
Албервил  Франција Европа W016XVI Зимски 1992 8 февруари 23 февруари
Барселона  Шпанија Европа S025XXV Летни 1992 25 јули 9 август
Лилехамер  Норвешка Европа W017XVII Зимски 1994 12 февруари 27 февруари
Атланта  САД Северна Америка S026XXVI Летни 1996 19 јули 4 август
Нагано  Јапонија Азија W018XVIII Зимски 1998 7 февруари 22 февруари
Сиднеј  Австралија Океанија S027XXVII Летни 2000 15 септември 1 октомври
Солт Лејк Сити  САД Северна Америка W019XIX Зимски 2002 8 февруари 24 февруари
Атина  Грција Европа S028XXVIII Летни 2004 13 август 29 август
Торино  Италија Европа W020XX Зимски 2006 10 февруари 26 февруари
Пекинг  Кина Азија S029XXIX Летни 2008 8 август 24 август
Ванкувер  Канада Северна Америка W021XXI Зимски 2010 12 февруари 28 февруари
Лондон  Обединето Кралство Европа S030XXX Летни 2012 27 јули 12 август
Сочи  Русија Европа W022XXII Зимски 2014 7 февруари 23 февруари
Рио де Жанеиро  Бразил Јужна Америка S031XXXI Летни 2016 5 август 21 август
Пјонгчанг  Јужна Кореја Азија W023XXIII Зимски 2018 9 февруари 25 февруари
Токио  Јапонија Азија S032XXXII Летни 2020[14] 24 јули 9 август
Пекинг  Кина Азија W023XXIV Зимски 2022 4 февруари 20 февруари

Статистика[уреди | уреди извор]

Градови со повеќекратни домаќинства[уреди | уреди извор]

   •   Домаќин на Зимски и Летни олимписки игри

Список на градови кои биле домаќини на повеќе изданија од Олимписките игри
Град Земја Континент Летни олимписки игри Зимски олимписки игри Вкупно
Лондон  Обединето Кралство Европа 3 (1908, 1948, 2012) 0 3
Атина  Грција Европа 2 (1896, 2004) 0 2
Пекинг  Кина Азија 1 (2008) 1 (2022) 2
Токио  Јапонија Азија 2 (1964, 2020) 0 2
Лос Анџелес  САД Северна Америка 2 (1932, 1984) 0 2
Париз  Франција Европа 2 (1900, 1924) 0 2
Лејк Плесид  САД Северна Америка 0 2 (1932, 1980) 2
Инсбрук  Австрија Европа 0 2 (1964, 1976) 2
Сент Мориц  Швајцарија Европа 0 2 (1928, 1948) 2

Список на Олимписки игри по земја[уреди | уреди извор]

Земји кои организирале Летни олимписки игри
  4 пати или повеќе
  3 пати
  2 пати
  1 пат
  Не организирале
Земји кои организирале Зимски олимписки игри
  4 пати или повеќе
  3 пати
  2 пати
  1 пат
  Не организирале
Список на земји рангирани по тоа колку пати организирале Олимписки игри
Ранг Земја Континент Летни олимписки игри Зимски олимписки игри Вкупно
1  САД Северна Америка 4 (1904, 1932, 1984, 1996) 4 (1932, 1960, 1980, 2002) 8
2  Франција Европа 2 (1900, 1924) 3 (1924, 1968, 1992) 5
3  Јапонија Азија 2 (1964, 2020) 2 (1972, 1998) 4
4  Канада Северна Америка 1 (1976) 2 (1988, 2010) 3
4  Обединето Кралство Европа 3 (1908, 1948, 2012) 0 3
4  Италија Европа 1 (1960) 2 (1956, 2006) 3
4  Германија Европа 2 (1936, 1972) 1 (1936) 3
4  Грција Европа 2 (1896, 2004) 0 2
9  Јужна Кореја Азија 1 (1988) 1 (2018) 2
9  СССР/ Русија Европа 1 (1980) 1 (2014) 2
9  Австралија Океанија 2 (1956, 2000) 0 2
9  Норвешка Европа 0 2 (1952, 1994) 2
9  Австрија Европа 0 2 (1964, 1976) 2
9  Швајцарија Европа 0 2 (1928, 1948) 2
9  Кина Азија 1 (2008) 1 (2022) 2
16  Бразил Јужна Америка 1 (2016) 0 1
16  Шпанија Европа 1 (1992) 0 1
16  Југославија Европа 0 1 (1984) 1
16  Мексико Северна Америка 1 (1968) 0 1
16  Финска Европа 1 (1952) 0 1
16  Холандија Европа 1 (1928) 0 1
16  Белгија Европа 1 (1920) 0 1
16  Шведска Европа 1 (1912) 0 1

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Findling, John E.; Pelle, Kimberly D. (2004). Encyclopedia of the Modern Olympic Movement. Greenwood Publishing Group. стр. 41. ISBN 978-0-313-32278-5. https://books.google.com/?id=QmXi_-Jujj0C. 
  2. Group, Taylor Francis (2003). The Europa World Yearbook. Taylor and Francis Group. стр. 247. ISBN 978-1-85743-227-5. https://books.google.com/?id=XLvU9lroRuUC&pg=PA247&lpg=PA247&dq=olympic+hosts+six+years+in+advance. 
  3. „Choice of the Host City“. olympic.org. International Olympic Committee. http://www.olympic.org/uk/organisation/missions/cities_uk.asp. конс. 4 јуни 2009 г. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Durántez, Conrado (April–May 1997 г). The Olympic Movement, a twentieth-century phenomenon (PDF). „Olympic Review“ том  XXVI (14): 56–57. http://www.la84foundation.org/OlympicInformationCenter/OlympicReview/1997/oreXXVI14/oreXXVI14zl.pdf 
  5. „Antwerp 1920“. olympic.org. http://www.olympic.org/antwerp-1920-summer-olympics. конс. 23 јануари 2011 г. 
  6. „Chamonix 1924“. olympic.org. http://www.olympic.org/chamonix-1924-winter-olympics. конс. 23 јануари 2011 г. 
  7. „Paris 1924“. olympic.org. http://www.olympic.org/paris-1924-summer-olympics. конс. 23 јануари 2011 г. 
  8. „St. Moritz 1928“. olympic.org. http://www.olympic.org/st-moritz-1928-winter-olympics. конс. 23 јануари 2011 г. 
  9. „Amsterdam 1928“. olympic.org. http://www.olympic.org/amsterdam-1928-summer-olympics. конс. 23 јануари 2011 г. 
  10. „Lake Placid 1932“. olympic.org. http://www.olympic.org/lake-placid-1932-winter-olympics. конс. 23 јануари 2011 г. 
  11. „Los Angeles 1932“. olympic.org. http://www.olympic.org/los-angeles-1932-summer-olympics. конс. 23 јануари 2011 г. 
  12. „Garmisch-Partenkirchen 1936“. olympic.org. http://www.olympic.org/garmisch-partenkirchen-1936-winter-olympics. конс. 23 јануари 2011 г. 
  13. „Berlin 1936“. olympic.org. http://www.olympic.org/berlin-1936-summer-olympics. конс. 23 јануари 2011 г. 
  14. „Tokyo to host 2020 Olympic Games“. CNN. http://www.cnn.com/2013/09/07/sport/world-olympics-2020/. конс. 3 декември 2013 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]