Прејди на содржината

Знаме на Република Кореја

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Република Кореја
}}
Назив Taegeukgi
Употреба државно, пловно и управно пловно знаме национално знаме, граѓанско и државно поморско знаме
Сразмер 2:3
Усвоено 6 март 1883
Опис Бело знаме со црни црти и диск во црвена и сина боја.

Знамето на Јужна Кореја, или Тегокги е националното знаме на Јужна Кореја и е засновано на кинескиот јин и јанг симбол и има три делови: бела позадина, црвен и син диск со јин и јанг симбол и четири црни триграми во секој агол.

Црвите триграми потекнуваат од стара кинеска книга и ги претставуваат четирите идеи на кинеската филозофија за универзумот: хармонија, баланс, циркулација и симетрија. Боите потекнуваат од традиционалните корејски бои, црвена, сина и жолта, бои кои Корејците ги користеле низ историјата. Белата боја претставува чистота на народот. Синиот дел од дискот го претставува лошото, додека црвениот дел доброто. Заедно со триграфите и нивното значење знамето претставува движење кон вечноста.

Тригарми

[уреди | уреди извор]

Значењето на триграмите се:

корејски Природа Сезона Ориентација Четирите идеи Семејство Четирите елементи Значење
geon (건 / 乾) небо (천 / 天) пролет (춘 / 春) исток (동 / 東) човештво (인 / 仁) татко (부 / 父) небо (금 / 金) правда(정의)
ri (리 / 離) сонце (일 / 日) есен (추 / 秋) југ (남 / 南) правилно однесување (예 / 禮) син (중남 / 子) оган (화 / 火) мудрост (지혜)
gam (감 / 坎) месечина (월 / 月) зима (동 / 冬) север (북 / 北) знаење (지 / 智) ќерка (중녀 / 女) вода (수 / 水) виталност (생명력)
gon (곤 / 坤) земја(지 / 地) лето (하 / 夏) запад (서 / 西) правичност (의 / 義) мајка (모 / 母) земја (토 / 土) плодност (풍요)

Традиционално четирите триграми се поврзуваат со петте елементи: оган, вода, земја, дрво и метал.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]