Прејди на содржината

Островски игри

Од Википедија — слободната енциклопедија

Островските игри (англ. Island Games) се меѓународен повеќеспортски натпревар во организација на Меѓународна федерација за Островски игри (IGA).

Историја

[уреди | уреди извор]

Островските игри започнале во 1985 под името „Меѓуостровски игри“ (Inter-Island Games) како дел од Меѓународната спортска година на островот Ман, предвидени само како еднократен спортски настан. Првиот директор на игрите, Џефри Корлет, не се ограничил на островите околу Британија, туку ги повикал на учество и Исланд, Малта, Фарски Острови, Гренланд, Света Елена и Каналските Острови и други. На првите игри учествувале петнаесет острови со 600 натпреварувачи во седум спортови, на вкупен организациски трошок од 70.000 фунти. Натпреварите во атлетски дисциплини се одржале на патека од трева со осум ленти - огромна разлика од денешните игри, што се одржуваат на синтетичка патека во стадион со капацитет за 10.000 гледачи. Првите игри доживеале таков успех, што било одлучено да се одржуваат секои две години.

Домаќини

[уреди | уреди извор]
Веслање: данска поштенска марка во чест на Островските игри во 1989
Фудбал на фарска поштенска марка
Година Игри Остров-домаќин Земја
1985 I  Ман Обединето Кралство британски крунски посед
1987 II  Гернзи Обединето Кралство британски крунски посед
1989 III  Фарски Острови Данска дански автономен регион
1991 IV  Оланд Финска финска автономна покраина
1993 V Остров Вајт Вајт Англија англиска грофовија
1995 VI  Гибралтар Обединето Кралство британска прекуморска територија
1997 VII  Џерси Обединето Кралство британски крунски посед
1999 VIII  Готланд Шведска шведски округ
2001 IX  Ман Обединето Кралство британски крунски посед
2003 X  Гернзи Обединето Кралство британски крунски посед
2005 XI  Шетландски Острови Шкотска шкотска грофовија
2007 XII  Родос Грција грчки остров
2009 XIII  Оланд Финска финска автономна покраина
2011 XIV  Остров Вајт Англија англиска грофовија
2013 XV  Бермуда Обединето Кралство британска прекуморска територија
2015 XVI  Џерси Обединето Кралство британски крунски посед

Спортови

[уреди | уреди извор]

Домаќинот одбира 12-14 спортови за игрите од следниов список:

Освоени медали

[уреди | уреди извор]

Еве список на острови со вкупниот број на освоени медали. Кога земјите имаат еднаков број на златни медали, пласманот се определува по бројот на освоени сребрени медали, а потоа и бронзени.

Освоени медали
Место Земја Вкупно
1 Џерси 4184083871203
2 Ман 3433333531029
3 Гернзи 3353493631047
4 Готланд 208173170551
5 Фарски Острови 162155183500
6 Оланд 153160134447
7 Остров Вајт 150138182470
8 Кајмански Острови 654449158
9 Сарема 607271203
10 Бермуда 565464174
11 Исланд 504541136
12 Родос 504343136
13 Гибралтар 444874166
14 Шетландски Острови 375281170
15 Менорка 28253386
16 Оркни 19313787
17 Англси 19303887
18 Гренланд 15192658
19 Остров Принц Едвард 66921
20 Малта 62210
21 Надворешни Хебриди 351321
22 Сарк 28616
23 Фолкландски Острови 151117
24 Хитра 1203
25 Фреја 1124
26 Олдерни 0235
27 Света Елена 0022

Од 2001 наваму, натпреварувачите од острови со помалку од 10.000 жители (Олдерни, Фокланд, Фреја, Хитра, Св. Елена и Сарк) се натпреваруваат за златни, сребрени или бронзени уверенија, со тоа што среброто се доделува ако има барем 3 натпреварувачи, а бронзата ако има барем 4.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]