Џејмс Нокс (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џејмс Нокс
Нокс во 2016 година
Лични податоци
Цело имеЏејмс Нокс
ПрекарНокси
Роден4 ноември 1995 (1995-11-04) (24 г.)
Левенс,  Обединето Кралство
Висина1,73 м
Маса58 кг
Податоци за клубот
Мом. клубДекојнинк-Квик Степ
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2014–2015
2016–2017
Запи
ВИГИНС
Професионални клубови
2018– Квик-Степ Флорс
Последна промена
2 јуни 2020

Џејмс Нокс (англиски: James Knox; р. 4 ноември 1995) — британски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Декојнинк-Квик Степ.[1]

Во 2017 година, Нокс завршил втор на изданието под 23 години на класикот Лиеж-Бастоњ-Лиеж.[2] Во септември истата година, Квик-Степ Флорс објавиле дека Нокс ќе стане професионалец со екипата за сезоната 2018.[3]

Во мај 2019 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2019.[4] Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019.[5] Бил меѓу првите десет на две етапи пред крајот, кога загубил 11 минути на претпоследната етапа откако паднал ден претходно, поради што завршил на 11. место.[6]

Пред да биде професионален велосипедист се занимавал со трчање. Го освоил националното крос-кантри првенство во 2009 година во неговата возрасна категорија.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2015
8. Трофео ПИВА
9. Класика Луле
2016
4. Краен пласман Ронд де л’Изар
6. Краен пласман Мировна трка
2017
2. Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години
5. Краен пласман Ронд де л’Изар
6. Краен пласман Тур Алзас
8. Краен пласман Трка околу Хрватска
8. Краен пласман Тур де л’Авенир
8. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
2018
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка Адријатика Јоника
6. Краен пласман Тур де Валони
2019
3. Краен пласман Трка Адријатика Јоника
8. Краен пласман Трка ОАЕ
10. Краен пласман Трка околу Полска

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ryan, Barry (31 December 2019). „2020 Team Preview: Deceuninck-QuickStep“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 2 January 2020.
  2. 'It's just about whether you're good enough': Young Brit James Knox on his WorldTour ambition“. Cycling Weekly. Посетено на 21 April 2017.
  3. „James Knox moves up to WorldTour with Quick-Step Floors“. cyclingnews.com. 13 септември 2017. Посетено на 16 септември 2017.
  4. „2019: 102nd Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 8 May 2019.
  5. „2019: 74th La Vuelta ciclista a España“. ProCyclingStats. Посетено на 23 August 2019.
  6. „Knox drops out of top 10 but pays tribute to teammates on day of suffering at Vuelta a España“. Cyclingnews.com. Посетено на 17 September 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]