Атанас Петровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атанас Петровски
Роден 12 мај 1923
Тетово, денешна Македонија Македонија
Починал 28 декември 2001
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по режијата на:
Велигденски адети
Галичка свадба
Стара чаршија
Занимање режисер

Атанас (Ацо) Петровски (Тетово, 12 мај 1923 - Скопје, 28 декември 2001) — македонски филмски режисер и продуцент[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Петровски е роден во Тетово на 12 мај 1923 година. Од 1945 година вршел одговорни функции во конституирањето на македонската кинематографија. Тој е еден од организаторите на првата македонска независна филмска продукција ФРЗ во 1968 година. Во 1976 е именуван за прв директор на Кинотеката на Македонија, каде што останува до пензионирањето во 1985.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Режирал околу 20 документарни филмови, меѓу кои и:

  • „Велигденски адети“ (1953),
  • „Галичка свадба“ (1955),
  • „Стара чаршија“ (1955),
  • „Дервиши“ (1955) и
  • „Тенда“ (1955).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).