Чарлс Бери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чарлс Бери
Роден(а) Чарлс Бери
23 мај 1795(1795-05-23)
Бриџ Стрит, Вестминстер, Лондон
Починал(а) 5 (1861)
Лондон
Националност Англичанин
Награди Кралски златен медал (1850)

Чарлс Бери (англ. Charles Barry), (23 мај 1795 - 12 мај 1860) бил англиски архитект, најпознат по изградбата на Вестминстерската палата во Лондон, како и некои други значајни места во Обединетото Кралство.

Почеток на кариерата[уреди]

Чарлс Бери бил роден во Бриџ Стрит, Вестминстер, како син на Волтер Едвард Бери[1]. Се школувал во приватно учичиште во Хоумртон и Асплеј[1]. По смртта на неговиот татко, тој наследил сума на пари која му овозможувала да патува низ целиот Медитеран и Блиски исток, од 28 јуни 1817 до август 1820 година[2]. Така, во текот на тие години тој ја посетил Франција, Италија, Грција, Турција, Египет, Палестина (денешен Израел) и Сирија, потоа Сицилија и назад се вратил преку Италија и Франција. неговата посета на овие земји, посебно на Италија, му дале огромна инспирација за тој да стане архитект.

Први успеси[уреди]

Неговата прва поголема работа му била доделена во 1824 година за кралската манчестерска институција за промоција на литература, наука и уметност (денес дел од Манчестерска уметничка галерија). По ова следувале неколку цркви во Манчестер, вклучувајќи ја и Црквата на сите Светители, која била срушена во 1854 година. Една од првите големи дела на сер Бери била црква црквата Свети Петар во Бригтон, каде употребил нов готски стил.

Куќата на парламентот[уреди]

По опожарувањето и уништувањето на поголемиот дел од Вестминстерската палата, била покренета иницијатива за нејзино реновирање. Во 1836 година, по анализата на 97 конкурентски предлози, кралската комисија го избрала готскиот стил од планот на Чарлс Бери. Каменот-темелник бил поставен во 1840,[3] канцеларијата на управникот била завршена во 1847, а зградта на долниот дом во 1852 година. Поради ова, Бери бил прогласен за витез. Иако голем дел од работата била заврешна до 1860, конструкцијата била завршена една декада подоцна. Чарлс Бери, чиј архитектонски стил бил повеќе класичен отколку готски, цврсто се потпирал на Августус Пуџин за раскошниот и карактеристичен готски ентериер, вклучувајќи тапети, гравури, витражи и мебел, како и кралските тронови и сводови.

Чарлс Бери починал на 12 мај 1860 година, и бил погребан во Вестминстерската катедрала.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Dod, Robert P. (1860). „The Peerage, Baronetage and Knightage of Great Britain and Ireland“. London: Whitaker and Co.. стр. 106. 
  2. pages 15-63, in the Rev. Alfred Barry's, The Life and Works of Sir Charles Barry R.A., F.S.A., 1867, John Murray
  3. Riding „Westminster: A New Palace for a New Age“. BBC. 7 февруари 2005. http://www.bbc.co.uk/history/trail/church_state/westminster_later/westminster_new_palace_02.shtmlAauthor=Christine Riding. конс. 31 мај 2008.