Плати

Координати: 40°39′N 22°33′E / 40.650° СГШ; 22.550° ИГД / 40.650; 22.550
Од Википедија — слободната енциклопедија
Плати
Πλατύ
Зградата на поранешната истоимена општина во Плати
Зградата на поранешната истоимена општина во Плати
Плати is located in Грција
Плати
Плати
Местоположба во областа
Плати во рамките на Гида (општина)
Плати
Местоположба на Плати во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°39′N 22°33′E / 40.650° СГШ; 22.550° ИГД / 40.650; 22.550
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаПлати
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2,083
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.590 32
Повик. бр.2330-63
Рег. таб.HM

Плати (грчки: Πλατύ) — мал град и поранешна општина во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на 32 километри североисточно од градот Бер, 42 километри западно од градот Солун, а осум километри источно од градот Гида, на надморска височина од 10 метри.[2] Вкупната површина на атарот изнесува 20 квадратни километри.

Сместен е во областа Урумлак. Градот има одлична местоположба и претставува железнички сообраќаен јазол, бидејќи тука железничката пруга која доаѓа од Солун се дели за Атина и за Бер - Лерин - Битола.[2] Од 2007 година, железничката станица е опслужувана и со приградската железница на Солун.

Историја[уреди | уреди извор]

Плати во минатото претставувало мала чифлигарска населба, која имала мешано население од Грци и Роми.[2] Бил создаден во 1925 година од бегалци кои дошле од Кападокија, од месноста Фараса и околните села.

По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Плати претставувало чисто бегалско село со 175 бегалски семејства со вкупно 560 жители.[3]

До 2011 година, Плати претставувало административно седиште на самостојната истоимена општина во округот Иматија.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението на Плати се занимава со земјоделство, произведува големи количества памук, шеќерна репка, пченица и други земјоделски производи.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Плати живееле 210 Грци христијани и 48 Роми.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Плати (Plati) живееле 100 Грци.[5]

Со пописот од 1913 година, селото било забележано само со 38, а во 1920 година со 61 жител (веројатно вработени во железницата со нивните семејства). По 1923 година, грчките власти населиле 175 бегалски семејства, чии жители, заедно со помалубројните месни жители, во 1928 година биле вкупно 744 (од нив 640 бегалци). По извршените мелиорации, исушувањето на Ениџевардардското Блато и регулацијата на коритата на реките Вардар и Колудеј, поради ослободувањето на нови површини плодна земја, во Плати се доселиле и други семејства, така што во 1940 година веќе имало 2.094 жители, во 1951 година 2.154, во 1961 година 1.897, во 1971 година 1.930, во 1981 година 2.088, а во 1991 година 2.498 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 2.299 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 2.083 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2.094 2.154 1.897 1.930 2.088 2.498 2.299 2.083
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Плати, во кој е единствено село.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Полициска станица
  • Пошта
  • Железничка станица „Плати“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 23.
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 141.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 220-221.