Прејди на содржината

Ниси (Берско)

Координати: 40°38′N 22°23′E / 40.633° СГШ; 22.383° ИГД / 40.633; 22.383
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ниси
Νησί
Ниси is located in Грција
Ниси
Ниси
Местоположба во областа
Ниси во рамките на Гида (општина)
Ниси
Местоположба на Ниси во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°38′N 22°23′E / 40.633° СГШ; 22.383° ИГД / 40.633; 22.383
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаГида
Надм. вис.&1000000000000001200000012 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно1.226
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ниси (грчки: Νησί, книжевно: Νησίον, Нисион) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу шест километри западно од градот Гида и на 22 километри североисточно од градот Бер, на надморска височина од 12 метри.[2] Површината на селскиот атар изнесува 34 квадратни километри.

Сместено е во самото Солунско Поле.

Историја

[уреди | уреди извор]

Порано, селото претставувало чифлигарска населба населена со Македонци, на самата македонско-грчка јазична граница.

За време на борбата за Македонија, Ниси станало база на андартските напади кон селата во околните области Вардарија, Сланица и Бојмија и затоа во март 1906 година било опожарено од четите на Апостол Петков и Лука Иванов.[3][4]

По Првата светска војна во 1922 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, во селото имало 43 бегалско семејства со вкупно 173 жители.[5].

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото е многу богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини, а основни производи на населението се памукот и шеќерната репка.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Во пописот од 1913 година во селото се забележани 396, а во 1920 година 380 жители. По 1923 година во селото биле населени 43 бегалски семејства со вкупно 175 жители. На тој начин, селото станало мешано и како такво во 1928 година било забележано со 574 жители. Поради извршените мелиорации и добивањето на нови обработливи површини, по 1933 година тука се населиле и други бегалски семејства и жители од селата Драчкуп, Чорново, Гуменџе и други, така што селото во 1940 година пораснало на 1.127 жители. Во 1951 година Ниси имало 1.289, во 1961 година 1.477, во 1971 година 1.450, во 1981 година 1.644, а во 1991 година 1.648 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.519 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.379 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.127 1.289 1.477 1.450 1.644 1.648 1.519 1.379 1.226
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Гида со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ниси, во кој покрај Ниси влегува и малото село Санда.

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви

Личности

[уреди | уреди извор]
Починати во Ниси
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 21.
  3. Сониксен, Алберт. „Изповедта на един македонски четник“, Издателство на Отечествения фронт, София, 1983.
  4. Ο ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟΣ ΑΓΩΝΑΣ ΣΤΟ ΝΗΣΙ[мртва врска]
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „ΔΙΑΡΚΗΣ ΚΑΤΑΛΟΓΟΣ ΚΗΡΥΓΜΕΝΩΝ ΑΡΧΑΙΟΛΟΓΙΚΩΝ ΧΩΡΩΝ ΚΑΙ ΜΝΗΜΕΙΩΝ“ (грчки). Архивирано од изворникот на 2014-10-21. Посетено на 4 март 2016.