Палеохори (Урумлак)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Палеохори
Παλαιοχώρι
Палеохори is located in Грција
Палеохори
Палеохори
Местоположба во областа
Палеохори во рамките на Гида (општина)
Палеохори
Местоположба на Палеохори во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°38′N 22°29′E / 40.633° СГШ; 22.483° ИГД / 40.633; 22.483Координати: 40°38′N 22°29′E / 40.633° СГШ; 22.483° ИГД / 40.633; 22.483
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Надм. вис.&100000000000000090000009 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Палеохори (грчки: Παλαιοχώρι, книжевно: Παλαιοχώριον, Палеохорион; буквално Старо Село) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Денес, селото претставува дел од селото Љановер.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на четири километри источно од градот Гида и два километри западно од селото Љановер, на надморска височина од само 9 метри.[1]

Сместено е во областа Урумлак, на јужниот брег на некогашното Ениџевардарско Езеро.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото уште од порано време било населено со грчко население.[1]

По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Палеохори претставувало мешана населба со 18 бегалски семејства со вкупно 75 жители.[2]

Со указ од 5 декември 1946 година, Палеохори била одвоено од општината Гида и заедно со Љановер ја создало самостојната општина Љановер. Селото повеќе не се појавувало како самостојна населба од 1961 година и е припоено кон Љановер.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведувало многу памук, шеќерна репка и други земјоделски производи.[1]

Население[уреди | уреди извор]

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Палихор живееле 370 Грци христијани.[1][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Палихор (Palihor) живееле 300 Грци и работело грчко училиште.[5]

Со пописот од 1913 година било забележано со 252, а во 1920 година со 260 жители. Во 1928 година имало 349 жители, меѓу кои 18 бегалски семејства со вкупно 75 жители. Во 1940 година биле попишани 645, а во 1951 година 767 жители. Во подоцнежните пописи селото повеќе не се споменува, бидејќи се сметало како дел од соседното село Љановер, во чиј состав биле пресметани и жителите од ова село.[1]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Денес, претставува дел од селото Љановер.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 22–23.
  2. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  3. „Страница на поранешната општина Плати“. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 2016-03-10.
  4. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 141.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 220-221.