Пископи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пископи
Επισκοπή
Пископи is located in Грција
Пископи
Пископи
Местоположба во областа
Пископи is located in Гида (општина)
Пископи
Местоположба на Пископи во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°35′N 22°22′E / 40.583° N; 22.367° E / 40.583; 22.367Координати: 40°35′N 22°22′E / 40.583° N; 22.367° E / 40.583; 22.367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаАнтигониди
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно462
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Пископи (грчки: Επισκοπή, Епископи) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 15 километри североисточно од градот Бер и 12 километри југозападно од градот Гида, сместено во непосредна близина на главниот пат од Гида за Бер, на надморска височина од 20 метри.[2] Површината на селскиот атар изнесува 8 квадратни километри.

Сместено е во областа Урумлак.

Историја[уреди | уреди извор]

Неговите жители по потекло се Грци и тоа од постаро време.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Пископи е прилично богато село, бидејќи се наоѓа во самото поле, почвата е многу плодна, а некои делови се наводнуваат. Населението главно произведува памук, бостан, пченица и други земјоделски производи.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во селото Епископи (Episcopi), Камбанијска епархија, живееле 180 Грци.[3] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Пископи, Берска каза, живееле 150 Македонци христијани.[4]

Во 1913 година, селото е забележано со 316, во 1920 година со 323, во 1928 година со 345, од кои само 9 бегалци. Во 1940 година биле попишани 504, во 1951 година 569, во 1961 година 698, во 1971 година 678, во 1981 година 684, а во 1991 година 668 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 535 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 462 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 504 569 698 678 684 668 535 462
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Антигониди со седиште во селото Кавашла, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Пископи, во кој покрај селото Пископи се наоѓа и селото Ново Скилич.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 11.
  3. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 37.
  4. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 145.

Белешки[уреди | уреди извор]