Капсохор (Берско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Капсохор
Καψοχώρι
Капсохор is located in Грција
Капсохор
Капсохор
Местоположба во областа
Капсохор во рамките на Гида (општина)
Капсохор
Местоположба на Капсохор во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°37′N 22°26′E / 40.617° СГШ; 22.433° ИГД / 40.617; 22.433Координати: 40°37′N 22°26′E / 40.617° СГШ; 22.433° ИГД / 40.617; 22.433
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Капсохор или Капсохора (грчки: Καψοχώρι, книжевно: Καψοχώριον, Капсохорион) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Денес, селото претставува составен дел од градот Гида.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на три километри југозападно од градот Гида, крај самата железничка пруга Солун-Бер, на надморска височина од 10 метри.[1]

Сместено е во областа Урумлак.

Историја[уреди | уреди извор]

Железничката станица Гида-Капсохор, околу 1891-1894 г. (фотографирано од Пол Зепџи)

Како и сите околни села што влегуваат во областа Урумлак, така и ова село било населено со грчко население.[1]

По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. ВО 1928 година, Капсохор претставувала мешана населба со 1 бегалско семејство со вкупно 4 жители.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Основни производи на селото биле памук, шеќерна репка, а се произведувало грав, детелина и овошје. Дел од населението се занимавал и со краварство.

Население[уреди | уреди извор]

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Капсохор живееле 200 Грци христијани.[1][3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Капсохор (Kapsohor) живееле 200 Грци.[4]

Во 1913 година било забележано со 279 жители, во 1920 година со 305, во 1928 година со 337 (од нив само 5 бегалци), во 1940 година со 424 и во 1951 година со 563 жители. Во подоцнежните пописи повеќе не се споменува, бидејќи било споено со градот Гида, иако селото и понатаму продолжило да постои.[1]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Денес, селото претставува дел од градот Гида.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 13.
  2. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  3. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 143.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222-223.