Грисел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грисел
Αγκαθιά
Грисел is located in Грција
Грисел
Грисел
Местоположба во областа
Грисел is located in Гида (општина)
Грисел
Местоположба на Грисел во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°33′N 22°28′E / 40.550° N; 22.467° E / 40.550; 22.467Координати: 40°33′N 22°28′E / 40.550° N; 22.467° E / 40.550; 22.467
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаМелник
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1,270
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Грисел или Гриџали (грчки: Αγκαθιά, Анкатија, до 1926 година: Γκριτζάλη, Гриџали[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на десетина километри јужно од градот Гида, крај самиот главен пат што води од Гида за Катерина, на надморска височина од 20 метри.[3]

Сместено е во областа Урумлак, на десниот брег на реката Бистрица.

Историја[уреди | уреди извор]

Уште од постаро време, селото било населено со македонско, но погрчено население.[3]

Во 1926 година името на селото било променето во Анкатија (Αγκαθιά).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Околу селото се наоѓаат плодни обработливи површини кои делумно се наводнуваат, поради што носат големи приноси. Поради ова, голем дел од населението се занимава со земјоделство.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во Гресали (Ghressali), Камбанијска епархија, живееле 360 Грци.[4] Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Грисел живееле 150 Македонци христијани.[3][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Грисел (Grissel) живееле 150 Македонци.[6]

Иако и К’нчов и Бранкоф го споменуваат селото со 150 жители, веројатно било многу поголемо, бидејќи за време на пописот во 1913 година било забележано со 571 жител. Во 1920 година во Грисел биле регистрирани 565 жители, во 1928 година 677, од кои само 12 бегалци, во 1940 година 858, во 1951 година 1.105, во 1961 година 1.303, во 1971 година 1.221, во 1981 година 1.447, а во 1991 година 1.459 жители. Како што може да се забележи и од статистиката, селото е во постојан раст на населението, поради добрите услови за развој на земјоделството.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.350 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.270 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 858 1.105 1.303 1.221 1.447 1.459 1.350 1.270
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Мелник со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Грисел, во кој покрај Грисел влегува и селото Трихлево.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Грисел — истоимено село во Арагон, Шпанија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γκριτζάλη -- Αγκαθιά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 9.
  4. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 37.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. София, 1900, стр. 143.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222-223.

Белешки[уреди | уреди извор]