Трикала (Солунско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трикала
Τρίκαλα
Трикала is located in Грција
Трикала
Трикала
Местоположба во областа
Трикала во рамките на Гида (општина)
Трикала
Местоположба на Трикала во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°36′N 22°33′E / 40.600° СГШ; 22.550° ИГД / 40.600; 22.550Координати: 40°36′N 22°33′E / 40.600° СГШ; 22.550° ИГД / 40.600; 22.550
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаПлати
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1,415
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Трикала (грчки: Τρίκαλα) — село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на пет километри јужно од градот Плати и девет километри северозападно од Солунскиот Залив, на надморска височина од 10 метри.[2] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 26 квадратни километри.

Сместено е во областа Урумлак, југоисточно од градот Гида, помеѓу коритата на реките Бистрица и Колудеј.

Историја[уреди | уреди извор]

Иако, К’нчов и Бранков го споменуваат како села со Македонци, веројатно се работи за погрчено македонско население, како и во сите околни села.[2]

По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалски, од кои многу од селото Голем Манастир, Јамболско, Бугарија. Во 1928 година, Трикала било мешана населба со 110 бегалски семејства со вкупно 448 жители.[3].

Со указ од 4 мај 1946 година, Трикала била одвоена од општината Корифи и станала самостојна општина. Со указ од 31 декември 1948 година, општината влегла во округот Солун од Иматија, но со указ од 5 октомври 1949 година, селото повторно е вратено на Иматија. Од 1997 до 2011 година, Трикала била дел од поранешната општина Плати.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Обработливата почва е многу плодна и дава високи приноси, поради што главното занимање на населението е земјоделството. Основни производи се шеќерната репка, памукот, пченицата и друго. Исто така, прилично е развиено и сточарството, особено краварството.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) не го става Трикала во областа Урумлак, туку во Вардарија и го претставува како македонско - според него во 1900 година во Трикала живееле 215 Македонци христијани, поради што најверојатно е смешано со Трите Ана.[5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Трикала (Trikala) живееле 180 Македонци.[6]

Во 1913 година, селото било забележано со 162, а во 1920 година со 190 жители. По 1923 година тука биле населени 110 бегалски семејства со вкупно 448 жители, дојдени во Грција пред 1922 година. На тој начин, оваа веќе мешана населба во 1928 година имала 562 жители, во 1940 година 928, во 1951 година 1.204, во 1961 година 1.441, во 1971 година 1.462, во 1981 година 1.643, а во 1991 година 1.725 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.710 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.415 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 928 1.204 1.441 1.462 1.643 1.725 1.710 1.415
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Трикала, во кој е единствено село.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 27.
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. „Страница на поранешната општина Плати“. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 2016-03-08.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 141.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 218-219.

Белешки[уреди | уреди извор]