Мелик
Мелик Μελίκη | |
---|---|
Координати: 40°31′N 22°24′E / 40.517° СГШ; 22.400° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Општ. единица | Мелик |
Надм. вис. | 40 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 3,116 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Мелик или Менлик; грчки: Μελίκη, Мелики) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е една од најголемите населби во Берско. Се наоѓа на околу 25 километри источно од градот Бер, на источната страна на реката Бистрица, на надморска височина од 40 метри.[2] Површината на селскиот атар изнесува 35 квадратни километри.
Сместено е во областа Урумлак.
Историја
[уреди | уреди извор]Како и сите села од областа Урумлак, иако носи македонско (словенско) име, одамна е населено со грчко или погрчено македонско население.[2]
По Првата светска војна во 1922 година, во селото биле населени малку грчки бегалци. Во 1928 година имало 43 бегалски семејства со вкупно 156 жители.[3].
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главно занимање на населението е земјоделството, а претежно се произведуваат памук, пченица и други земјоделски производи.[2] Покрај со земјоделство, во селото, особено е развиено пчеларството.
Во селото постојат бројни трговски и занаетчиски дуќани, како и други установи, бидејќи порано, самото село претставувало седиште на истоимената општина.
Население
[уреди | уреди извор]Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Милик (Менлик) живееле 400 Грци христијани.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мелик (Менлик) (Melik Menlik) живееле 395 Македонци.[5]
Иако и К’нчов и Бранков го споменуваат селото со 400 односно 395 жители, веројатно било многу поголемо, бидејќи за време на пописот во 1913 година било забележано со 985 жители, а во 1920 година со 1.007 жители. По 1923 година грчките власти тука сместиле 43 бегалски семејства со вкупно 156 жители. Оттука, заедно со бегалците, во 1928 година во Мелик имало 1.366 жители, за нивниот број во 1940 година да се искачи на 2.088 жители. Во 1951 година, Мелик имало 2.220, во 1961 година 2.662, во 1971 година 3.033, во 1981 година 3.245, а во 1991 година 3.290 жители. Зголемувањето на бројот на жителите се должи на добрата местоположба, на комуникациските врски и на фактот што претставува стопанско средиште на една цела област.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 3.102 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 3.116 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 2.088 | 2.220 | 2.662 | 3.033 | 3.245 | 3.290 | 3.102 | 3.116 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Мелик со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Мелик, во кој е единствено село.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Мелик има партнерски односи со бугарскиот град Павел Бања.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Полициска станица
- Пошта
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 19.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. София, 1900, стр. 144.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222-223.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|