Продром (Берско)

Координати: 40°32′N 22°26′E / 40.533° СГШ; 22.433° ИГД / 40.533; 22.433
Од Википедија — слободната енциклопедија
Продром
Πρόδρομος
Продром is located in Грција
Продром
Продром
Местоположба во областа
Продром во рамките на Гида (општина)
Продром
Местоположба на Продром во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°32′N 22°26′E / 40.533° СГШ; 22.433° ИГД / 40.533; 22.433
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаМелик
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно815
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Продром (понекогаш нарекувано: Стар Продром; грчки: Πρόδρομος, Продромос) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Бер, во непосредна близина на десниот брег на реката Бистрица, на надморска височина од 30 метри.[2]

Сместено е во областа Урумлак.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото уште од постаро време било населено со Грци.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селото, главна дејност претставува земјоделството. Населението произведува големи количества памук и шеќерна репка.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Продром живееле 190 Грци христијани.[2][3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Продром (Prodrom) живееле 190 Грци.[4]

За време на пописот во 1913 година било забележано со 373 жители. Во 1920 година во Продром имало 374, а во 1928 година 469, од кои само 18 бегалци. Во 1940 година биле попишани 649, во 1951 година 738, во 1961 година 819, во 1971 година 839, во 1981 година 895, а во 1991 година 933 жители. Зголемувањето на бројот на жителите се должело на плодните обработливи површини и на убавата местоположба на селото.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 896 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 815 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 649 738 819 839 895 933 896 815
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Мелик со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Продром, во кој покрај Продром влегуваат и селата Нов Продром и Киркасии.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 23–24.
  3. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. София, 1900, стр. 144.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222-223.