Пожари
- Оваа статија се однесува на берското село во Општина Гида. За множинскиот облик на неконтролираното ширење на огнот, видете пожар
Пожари Κεφαλοχώρι | |
---|---|
Координати: 40°34′N 22°22′E / 40.567° СГШ; 22.367° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Општ. единица | Антигониди |
Надм. вис. | 19 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 604 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пожари (грчки: Κεφαλοχώρι, Кефалохори; книжевно: Κεφαλοχώριον, Кефалохорион, до 1928 година: Ποζαρίταις, Позаритес[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 14 километри североисточно од градот Бер и на исто толку километри југозападно од градот Гида, на надморска височина од 19 метри, во непосредна близина на железничката пруга што води од Солун за Бер.[3] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 10 квадратни километри.
Сместено е во областа Урумлак.
Историја
[уреди | уреди извор]Како и сите села во областа Урумлак и Пожари уште од одамна било населено со грчко население.[3]
По Првата светска војна во 1922 година во селото биле населени малку грчки бегалци. Во 1928 година, во селото биле сместени 1 бегалско семејство со вкупно 3 жители.[4] Во 1928 година селото било преименувано во Кефалохори (Κεφαλοχώρι), што во превод означува главно село.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението во селото главно се занимава со земјоделство, главно произведувајќи големи количества на памук и шеќерна репка.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Пожари (Бугарин), Берска каза, живееле 210 Грци христијани.[3][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година навел дека во Пожари Бугарин (Pojari Bougarin) живееле 210 Грци.[6]
Во 1913 година селото било забележано со 272 жители. Во 1920 година биле попишани 325, а во 1928 година 428 жители, од кои само двајца бегалци. Во 1940 година Пожари имало 628, во 1951 година 721, во 1961 година 832, во 1971 година 702, во 1981 година 695, а во 1991 година 792 жители. Зголемувањето на бројот на жители се должи на извршените мелиорации, регулацијата на коритото на реката Бистрица, искоренувањето на маларијата и примената на современата агротехника во земјоделството.[3]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 788 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 604 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 628 | 721 | 832 | 702 | 695 | 792 | 788 | 604 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Димитриј“ од XVIII - XIX век
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Антигониди со седиште во селото Кавасила, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Пожари, во кој е единствено село.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ποζαρίταις -- Κεφαλοχώρι
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 23.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 143.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.
|