Катафиги (Солунско)
| Катафиги Καταφύγι | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 40°39′N 22°24′E / 40.650°N 22.400°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Централна Македонија |
| Округ | Иматија |
| Општина | Гида |
| Надм. вис. | 3 м |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Катафиги (грчки: Καταφύγι, книжевно: Καταφύγιον, Катафигион) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало на јужниот брег на некогашното Ениџевардарско Езеро, два километри североисточно од селото Ниси, во чиј атар и влегувало, на надморска височина од 3 метри.[1]
Сместено е во областа Урумлак.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото не било споменато од К’нчов и од Бранков, но најверојатно се работело за населба со грчко население.[1]
Во 1912 година, Катафиги било гркојазично христијанско село. Било напуштено во 1920-тите години.[2] Неговите жители го напуштиле и се преселиле во соседното село Ниси.
Население
[уреди | уреди извор]На пописот од 1913 година било забележано со 48, а во 1920 година само со 9 жители. Малку подоцна, селото целосно се распаднало, а неговите жители се преселиле во Ниси.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 13.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.
| ||||||||||||||||||||||||||