Ставрос (Урумлак)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ставрос
Σταυρός
Ставрос is located in Грција
Ставрос
Ставрос
Местоположба во областа
Ставрос is located in Гида (општина)
Ставрос
Местоположба на Ставрос во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°35′N 22°19′E / 40.583° N; 22.317° E / 40.583; 22.317Координати: 40°35′N 22°19′E / 40.583° N; 22.317° E / 40.583; 22.317
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаАнтигониди
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1,229
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ставрос (грчки: Σταυρός) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на единаесет километри североисточно од градот Бер, а четиринаесет километри западно од градот Гида, крај самиот главен пат од Гида за Бер, на надморска височина од 10 метри.[2] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 14 квадратни километри.

Сместено е во областа Урумлак.

Историја[уреди | уреди извор]

Во минатото, селото претставувала мала чифлигарска населба. Селото како и поголемиот број на села од областа Урумлак, од постаро време било населено со Грци.[2]

По Првата светска војна во 1922 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Ставрос било мешано село со 27 бегалски семејства со вкупно 130 жители.[3] Втор голем бран на доселување во селото, главно од бегалски семејства, се случил по 1935 година, по извршените мелиорации и исушувањето на Ениџевардарското Блато.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Ставрос е многу богато село, бидејќи располага со плодни обработливи површини кои даваат високи приноси. Населението произведува памук и шеќерна репка.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во селото Ставрос (Stavros), Камбанијска епархија, живееле 132 Грци.[4] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Ставрос, Берска каза, живееле 120 Грци христијани.[2][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година навел дека во Ставрос (Stavros) живееле 45 Грци.[6]

Селото со пописот од 1913 година е забележано со 154, а во 1920 година со 188 жители. По 1923 година биле населени 27 бегалски семејства со вкупно 130 жители, така што селото во 1928 година, како мешана населба, пораснало на 277 жители. Населението покажало голем пораст по 1935 година, односно по исушувањето на Ениџевардарското Блато и по извршените мелиорации во ова подрачје. Поради ослободувањето на нови плодни обработливи површини тука биле населени и други, претежно бегалски семејства. Така, селото во 1940 година покажало пораст, кога биле попишани 746 жители, во 1951 година имало 878, во 1961 година 1.114, во 1971 година 1.230, во 1981 година 1.339, а во 1991 година 1.529 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.498 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.229 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 746 878 1.114 1.230 1.339 1.529 1.498 1.229
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Антигониди со седиште во селото Кавашла, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ставрос, во кој е единствено село.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Полициска станица, задолжена за контрола и надзор и на неколку околни села

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 26.
  3. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  4. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 37.
  5. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 143.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.