Клиди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Клиди
Κλειδί
Клиди is located in Грција
Клиди
Клиди
Местоположба во областа
Клиди is located in Гида (општина)
Клиди
Местоположба на Клиди во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°34′N 22°36′E / 40.567° N; 22.600° E / 40.567; 22.600Координати: 40°34′N 22°36′E / 40.567° N; 22.600° E / 40.567; 22.600
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаПлати
Надм. вис.&100000000000000090000009 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1,249
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Клиди (грчки: Κλειδί, книжевно: Κλειδίον, Клидион) — село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа помеѓу реките Бистрица и Колудеј, недалеку од самиот Солунски Залив, на надморска височина од само 9 метри.[2] Вкупната површина на селскиот атар претставува 61 квадратен километар.

Сместено е во областа Урумлак, југоисточно од градот Гида. Во негова близина поминува автопатот Солун-Атина, а од самиот град Солун е оддалечено околу 30 километри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото уште од своето основање било населено со грчко население.[2]

Во 1949 година, Клиди и соседното село Калјани биле одвоени од општината Корифи и создале нова општина Клиди. Од 1997 до 2011 година, Клиди било во рамките на поранешната општина Плати.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението главно се занимава со земјоделство, при тоа одгледувајќи големи количества пченица, памук, овошје, шеќерна репка и други земјоделски производи. Дел од населението се занимава и со сточарство.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во Клиди (Klidi), Камбанијска епархија, живееле 300, а во Аламбори (Alambori) - 132 Грци.[4] Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Чинар Фурнус, Солунска каза, живееле 600 Грци христијани и 80 Роми.[2][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Клиди (Klidi) живееле 400 Грци.[6]

Во пописот од 1913 година, селото било споменато со 407, во 1920 година со 455, а во 1928 година со 434 жители, од кои само 9 бегалци. Во 1940 година, Клиди имало 574, во 1951 година 775, во 1961 година 873, во 1971 година 997, во 1981 година 1.244, во 1991 година 1.412 жители. Зголемувањето на бројот на жителите се должело на извршените мелиорации, на плодноста на земјиштето кое се наводнува и на добрите комуникации, поради близината на автопатот Солун-Атина и на самиот град Солун.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.347 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.249 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 574 775 873 997 1.244 1.412 1.347 1.249
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Клиди, во кој е единствено село.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 14.
  3. Страница на поранешната општина Плати
  4. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 37.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 141.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 218-219.