Клидиски мост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Клидиски мост
Ρωμαϊκη Γέφυρα στο Κλειδί
Klidi Bridge.jpg
Војници на мостот за време на Првата светска војна
Координати40°34′26.4″N 22°37′20.9″E / 40.574000° СГШ; 22.622472° ИГД / 40.574000; 22.622472Координати: 40°34′26.4″N 22°37′20.9″E / 40.574000° СГШ; 22.622472° ИГД / 40.574000; 22.622472
ПреминуваКолудеј
МестоКлиди, Солунско, Егејска Македонија
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Ширина5,13 м
Висина6,52 м
Најдолг распон17,14 м
Распони1 (изворно 13)
Историја
Завршенримско време
Местоположба

Клидиски мост (грчки: Ρωμαϊκη Γέφυρα στο Κλειδί) — стар камен мост во Солунско, Егејска Македонија. Се наоѓа кај селото Клиди во областа Урумлак, над старото корито на реката Колудеј пред да се поместа за 250 м на север.[1]

Изграден е во римско време како дел од крајбрежниот римски пад од Солун на југ. Во минатото имал 13 или повеќе сводови, од кои денес е зачуван само еден. Алфред Делакулонш[2] во 1859 г. забележал дека во околните села се најдени камења од мостот кои се користеле како градежен материјал, и секој од нив тежел околу 1300 килограми.[1]

Во 1976 г. мостот е прогласен за споменик на културата како единствен од овој вид во Егејска Македонија.[3]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Μαντάς, Σπύρος, Γιάννης Ψιλόπουλος (2005). Περί Πετρογέφυρων ή Γεφυριών Ιστορίες. Κέντρο Μελέτης Πέτρινων Γεφυριών ΚΕ.ΜΕ.ΠΕ.Γ. стр. 163–171.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ρωμαϊκη Γέφυρα στο Κλειδί“. Τα Πέτρινα Γεφύρια. Посетено на 3 јули 2018.
  2. Mémoire sur le berceau de la puissance macédonienne des bords de l'Haliacmon et ceux de l'Axius
  3. „Α ΥΠΠΕ/Α/Φ31/17222/1284 π.ε./19-11-1976 - ΦΕΚ 1504/Β/15-12-1976“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 3 јули 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]