Алаборски Колиби
Изглед
| Алаборски Колиби Αλαμποριανά Καλύβια | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 40°34.2′N 22°29.3′E / 40.5700°N 22.4883°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Централна Македонија |
| Округ | Иматија |
| Општина | Гида |
| Општ. единица | Мелик |
| Надм. вис. | 6 м |
| Население | |
| • Вкупно | иселено |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Алаборски Колиби (грчки: Αλαμποριανά Καλύβια, до 1926 г. Καλύβια Αλαμπόρου[1]) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Гида на округот Иматија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало во областа Урумлак, на десниот јужен брег на Бистрица, спроти Голем Алабор на другиот брег. Лежело северно од Кипсели.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Алаборските Колиби за првпат се спомнуваат како село во 1913 г. со 77 жители.[2] На пописот од 1920 г. во него е заведено 81 лице.[2] Во 1926 г. е преименувано од Каливија Алабору (Колиби на Алабор) во Алаборијана Каливия (Алаборски Колиби). Во 1928 г. населението се покачило на 91 жител.[2] Алаборски Колиби не се спомнува како одделно село на следниот попис од 1940 г. бидејќи станало дел од Кипсели.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Διοικητικές Μεταβολές Ο.Τ.Α.“. Ελληνική Εταιρεία Τοπικής Ανάπτυξης και Αυτοδιοίκησης. Посетено на 20 април 2021.
- 1 2 3 4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 14. ISBN 9989-9819-5-7.
| ||||||||||||||||||||||||||