Прејди на содржината

Кавасила

Координати: 40°35′N 22°20′E / 40.583° СГШ; 22.333° ИГД / 40.583; 22.333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кавасила
Καβάσιλα
Кавасила is located in Грција
Кавасила
Кавасила
Местоположба во областа
Кавасила во рамките на Гида (општина)
Кавасила
Местоположба на Кавасила во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°35′N 22°20′E / 40.583° СГШ; 22.333° ИГД / 40.583; 22.333
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаАнтигониди
Надм. вис.&1000000000000001700000017 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно632
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Кавасила или Кавашла (грчки: Καβάσιλα) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа речиси на половина пат од градот Бер за градот Гида, крај самиот главен пат, на надморска височина од 17 метри.[2]

Сместено е во областа Урумлак, на 14 километри југозападно од Гиза и на 12 километри североисточнод Бер.

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото не е воопшто споменато од К’нчов и од Бранков, но најверојатно неговото население имало грчко потекло.[2]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Населението главно се занимава со земјоделство, произведувајќи големи количества памук, пченица и други земјоделски производи.[2]

Голем дел од обработливите површини се добиени по извршните мелиорации во околината, а дел од нивите и се наводнуваат.

Население

[уреди | уреди извор]

Во пописот од 1913 година селото било забележано со 139, а во 1920 година со 164 жители. По 1923 година, тука биле сместени и 79 бегалци. Во 1928 година селото имало 190 жители, во 1940 година 354 (подоцна тука биле сместени и други бегалски семејства). Во 1951 година биле попишани 633, во 1961 година 739, во 1971 година 678, во 1981 година 868, а во 1991 година 792 жители. Релативниот пораст на населението се должи на извршените мелиорации по 1933 година, на исушувањето на Ениџевардарското Блато и на облагодарувањето на обработливите површини, кои се многу плодни и се наводнуваат.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 78 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 17 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 163 169 206 108 49 49 78 17
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Антигониди со седиште во селото Кавасила, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кавасила, во кој е единствено село.

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 12.