Ераки
Ераки Γεράκι | |
---|---|
Координати: 40°32′N 22°21′E / 40.533° СГШ; 22.350° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Надм. вис. | 40 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Ераки или Гераки (грчки: Γεράκι, книжевно: Γεράκιον, Геракион) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Селото постоело до почетокот на Втората светска војна, а денес претставува составен дел од Мелик.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на единаесет километри источно од градот Бер и четири километри северозападно од Мелик, на надморска височина од 40 метри.[1]
Сместено е во областа Урумлак, на десниот ракав на реката Бистрица.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото најверојатно претставувало мала чифлигарска населба.[1]
Во 1918 година, селото станува дел од општината Мелик. Во 1922 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Ераки претставувало чисто бегалско село со 19 бегалски семејства и 63 жители.[2] Подоцна, поради мелиоративните зафати, селото се распаднало, а неговите жители го напуштиле и се населиле во селото Мелик, каде што изградиле посебно маало, познати и денес како Ново Ераки (Неон Геракион).
Во 1940 година, селото се распаднало, а неговиот атар влегол во рамките на селото Мелик.
Население
[уреди | уреди извор]Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Ераки живееле 35 Грци христијани.[1][3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ераки (Eraki) живееле 180 Грци.[4]
Во 1913 година било забележано со 56, а во 1920 година со 23 жители, кои малку подоцна го напуштиле селото и во него биле сместени 19 бегалски семејства со вкупно 76 жители, колку што биле забележани во 1928 година.[1]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Денес, селото претставува дел од селото Мелик.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 7.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 144.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222-223.
|