Шкинат

From Википедија
Jump to navigation Jump to search
Шкинат
Σχοινάς
Шкинат is located in Грција
Шкинат
Шкинат
Местоположба во областа
Шкинат is located in Гида (општина)
Шкинат
Местоположба на Шкинат во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°39′N 22°26′E / 40.650° СГШ; 22.433° ИГД / 40.650; 22.433Координати: 40°39′N 22°26′E / 40.650° СГШ; 22.433° ИГД / 40.650; 22.433
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаГида
Надм. вис.&100000000000000060000006 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно390
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Шкинат (грчки: Σχοινάς, Схинас) — село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[edit | edit source]

Селото се наоѓа на помалку од три километри северозападно од градот Гида, на надморска височина од 6 метри.[2]

Сместено е во областа Урумлак. Во минатото селото се наоѓало на јужниот брег на пресушеното Ениџевардарско Езеро во 1930-тите години.

Историја[edit | edit source]

Селото, како и сите околни села, во минатото било населено со грчко населени.[2]

По Првата светска војна во 1922 година во селото се населиле грчки бегалци. Во 1928 година, Шкинат било мешана населба со 16 бегалски семејства со вкупно 60 жители.[3].

Стопанство[edit | edit source]

Селото е прилично богато. Неговото население се занимава со земјоделство, а основно производи се памукот и шеќерната репка, но се произведува и многу грав, пченица, детелина и други земјоделски производи.[2]

Население[edit | edit source]

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во Скинас (Skinas), Камбанијска епархија, живеат 216 Грци.[4] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Шкинат е село во Солунската каза и во него живееле 220 Грци христијани.[2][2][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шкинат (Chkinat) живееле 220 Грци.[6]

Во пописот од 1913 година во селото биле забележани 228, а во 1920 година 279 жители. По 1923 година во селото биле населени и 27 бегалски семејства со вкупно 130 жители. Така, Шкинат станала мешана населба која во 1928 година имала 401, во 1940 година 584, во 1951 година 677, во 1961 година 687, во 1971 година 575, во 1981 година 552, а во 1991 година 419 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 408 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 390 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 584 677 687 575 552 419 408 390
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[edit | edit source]

Селото припаѓа на општинската единица Гида со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Гида, во кој покрај градот Гида, влегуваат и селата Шкинат и Големо Нишел.

Наводи[edit | edit source]