Прејди на содржината

Свиница

Координати: 40°33′N 22°29′E / 40.550° СГШ; 22.483° ИГД / 40.550; 22.483
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свиница
Σφήνα
Свиница is located in Грција
Свиница
Свиница
Местоположба во областа
Свиница во рамките на Гида (општина)
Свиница
Местоположба на Свиница во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°33′N 22°29′E / 40.550° СГШ; 22.483° ИГД / 40.550; 22.483
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Свиница (познато и како Свинца, Свинче или Свиништа; грчки: Σφήνα, Сфина; до 1926 година: Σφήνιτσα, Сфиница[1]) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Селото постоело до почетокот на Втората светска војна, а денес претставува дел од атарот на селото Кипсели.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на еден километар јужно од бегалското село Кипсели, во близина на главниот пат што води од градот Гида за градот Катерина и југозападно од селото Голем Алабор.[2]

Сместено е во областа Урумлак. На два километри на југ се наоѓа Свиничкиот манастир „Св. Атанасиј“.

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото најверојатно е погрчено уште од постаро време.

Во 1922 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Свиница била мешана населба со 64 бегалски семејства со вкупно 270 жители.[3]

Во 1926 година, селото било преименувано во Сфина (Σφήνα).

Подоцна, бегалските семејства започнале да го напуштаат селото и да се населуваат во соседното село Кипсели. Причината за напуштање на селото се должела на фактот што тоа и неговите имоти му припаѓале на соседниот манастир „Св. Атанасиј“, поради што и не можеле да бидат обработувани и дадени во сопственост на селаните.

Население

[уреди | уреди извор]

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Свинца (Свинче) живееле 60 Грци христијани.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Свинца (Свинче) (Svintza Svintché) живееле 55 Грци.[5]

Во селото по Балканските војни биле сместени извесен број бегалски семејства. До 1924 година, тука биле сместени вкупно 64 бегалски семејства со 270 жители. И покрај тоа, во пописот од 1928 година Свиница се води како мешана населба со само 92 жители, што укажува дека поголем број од бегалските семејства веќе го напуштиле селото. Малку подоцна и преостанатите жители го напуштиле селото и се прибрале во соседното село Кипсели.[2]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Денес, селото претставува дел од селото Кипсели.

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Свиница
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σφήνιτσα -- Σφήνα
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 25.
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 144.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222-223.