Решани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Решани
Βρυσάκι
Решани is located in Грција
Решани
Решани
Местоположба во областа
Решани is located in Гида (општина)
Решани
Местоположба на Решани во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°38′N 22°24′E / 40.633° СГШ; 22.400° ИГД / 40.633; 22.400Координати: 40°38′N 22°24′E / 40.633° СГШ; 22.400° ИГД / 40.633; 22.400
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаГида
Надм. вис.&1000000000000001400000014 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно669
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Решани (грчки: Βρυσάκι, Врисаки; книжевно: Βρυσάκιον, Врисакион, до 1927 година: Ρέσιανη, Ресјани[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на дваесетина километри североисточно од градот Бер, исто толку километри јужно од Ениџе Вардар и четири километри западно од градот Гида, крај главниот пат од Гида за Бер, на надморска височина од 14 метри.[3] Површината на селскиот атар изнесува 9 квадратни километри.

Сместено е во областа Урумлак.

Историја[уреди | уреди извор]

Жителите на Решани, како и на другите околни села, по народност се Грци или погрчени Македонци.[3]

По Првата светска војна во 1922 година во селото се населени грчки бегалци. Во 1928 година, селото станало мешани со 46 бегалски семејства со вкупно 174 жители.[4] Во 1927 година селото е преименувано во Врисаки (Βρυσάκι).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото е доста богато, бидејќи земјиштето е многу плодно и дава високи приноси. Основни земјоделски производи се памукот и шеќерната репка.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во Ресени (Resséni), Берска епархија, живеат 108 Грци.[5] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Решани е село во Берската каза и во него живееле 45 Грци христијани.[3][3][6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Решани (Rechani) живееле 45 Грци.[7]

Во пописот од 1913 година во селото се забележани 11 жители. Во 1920 година, Решани имало 127 жители, меѓу кои и бегалци, бидејќи тука непосредно по Балканските војни биле населени бегалски семејства со 174 жители. Во 1928 година селото имало 292 жители, а во 1940 година бројот на жителите пораснал на 533, благодарение на исушувањето на Ениџевардарското Блато и ослободувањето на нови обработливи површини, со што се создале можности да се населат и други, претежно бегалски семејства. Решани во 1951 година имало 557, во 1961 година 638, во 1971 година 629, во 1981 година 615, а во 1991 година 700 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 716 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 669 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 533 557 638 629 615 700 716 669
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Гида со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Решани, во кој е единствено село.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Решани

Наводи[уреди | уреди извор]