Шеразмен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шеразмен
Ξεχασμένη
Шеразмен is located in Грција
Шеразмен
Шеразмен
Местоположба во областа
Шеразмен is located in Гида (општина)
Шеразмен
Местоположба на Шеразмен во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°34′N 22°21′E / 40.567° N; 22.350° E / 40.567; 22.350Координати: 40°34′N 22°21′E / 40.567° N; 22.350° E / 40.567; 22.350
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаАнтигониди
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно544
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.59100

Шеразмен (грчки: Ξεχασμένη, Ксехасмени) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на петнаесет километри североисточно од градот Бер и на петнаесет километри југозападно од градот Гида, на надморска височина од 20 метри.[2]

Сместено е во областа Урумлак.

Во близина на селото поминува железничката линија Солун-Воден, на која во селото постои и железничка станица. Покрај пругата, во близина поминува и новиот автопат „Вија Егнација“, иако најблиската клучка е оддалечено неколку километри.

Историја[уреди | уреди извор]

Неговото население, како и на околните села од областа Урумлак, имаат грчко потекло.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Бидејќи селото се наоѓа во самото поле и располага со плодни обработливи површини, кои се наводнуваат, населението добива високи приноси на памук, шеќерна репка и на други производи. Во последно време, внимание му се посветува и на краварството.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во селото Ксехасмени (Xéhasméni), Камбанијска епархија, живееле 192 Грци.[3] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Шеразмен (Ксеразмени), Берска каза, живееле 120 Грци христијани.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година навел дека во Шеразмен Ксеразмени (Cherazmen Xerazmeni) живееле 200 Грци.[2][5]

Со пописот во 1913 година биле забележани 374 жители. Во 1920 година имало 429, во 1928 година 484 жители, од кои само 7 бегалци. Во 1940 година биле попишани 698, во 1951 година 794, во 1961 година 802, во 1971 година 737, во 1981 година 766, а во 1991 година 795 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 700 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 544 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 698 794 802 737 766 795 700 544
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Антигониди со седиште во селото Кавашла, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Шеразмен, во кој покрај селото Шеразмен се наоѓа и селото Расоманик.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Железничка станица „Шеразмен“ на линијата Солун-Воден

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 15.
  3. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 37.
  4. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.
  6. „ΔΙΑΡΚΗΣ ΚΑΤΑΛΟΓΟΣ ΚΗΡΥΓΜΕΝΩΝ ΑΡΧΑΙΟΛΟΓΙΚΩΝ ΧΩΡΩΝ ΚΑΙ ΜΝΗΜΕΙΩΝ“ (грчки). Посетено на 3 март 2016.