Мало Нишел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мало Нишел
Νησελλούδι
Мало Нишел is located in Грција
Мало Нишел
Мало Нишел
Местоположба во областа
Мало Нишел is located in Гида (општина)
Мало Нишел
Местоположба на Мало Нишел во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°35′N 22°29′E / 40.583° N; 22.483° E / 40.583; 22.483Координати: 40°35′N 22°29′E / 40.583° N; 22.483° E / 40.583; 22.483
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаПлати
Надм. вис.&1000000000000001100000011 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно137
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Мало Нишел (понекогаш и само Нишел; грчки: Νησελλούδι, Ниселуди, книжевно: Νησελλούδιον, Ниселудион) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу шест километри југоисточно од градот Гида, на помалку од пет километри северозападно од селото Голем Алабор, во чија опшштинска единица и се наоѓа, на надморска височина од 11 метри.[2]

Сместено е во областа Урумлак, на левиот брег на реката Бистрица.

Историја[уреди | уреди извор]

Иако К’нчов го спомнува со 65 жители Македонци (истото го прави и Бранкоф), малку е веројатно да се работи за македонско население, бидејќи се наоѓа во област со грчки и погрчени села.[2]

По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Мало Нишел била мешана населба со 13 бегалски семејства со вкупно 50 жители.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението главно се занимава со земјоделство, а основни производи на селото се памукот, гравот и пченицата.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во Нисилуда (Nissilouda), Камбанијска епархија, живееле 60 Грци.[4] Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Мало Нишел (Ќучук Ајнешел), Берска каза, живееле 65 Македонци христијани.[2][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мало Нишел (Malko-Nichal Kiotchouk-Aï-Nessel, Nichi) живееле 65 Македонци.[6]

Селото во 1913 година било забележано со 84, а во 1920 година со 100 жители. Бидејќи било чифлигарско, тука по 1923 година биле населени и 13 бегалски семејства со вкупно 50 жители. Така, селото станало мешано и во 1928 година било забележано со 103 жители (во меѓувреме некои од месните жители го напуштиле). Во 1940 година биле попишани 169, во 1951 година 180, во 1961 година 192, во 1971 година 205, во 1981 година 189, а во 1991 година 155 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 157 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 137 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 339 531 395 260 359 317 366 281
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Голем Алабор, во кој покрај Мало Нишел влегуваат и селата Мал Алабор и Голем Алабор.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 21.
  3. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  4. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 38.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 145.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222-223.

Белешки[уреди | уреди извор]