Нихор (Солунско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нихор
Νεοχώρι
Нихор is located in Грција
Нихор
Нихор
Местоположба во областа
Нихор is located in Гида (општина)
Нихор
Местоположба на Нихор во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°36′N 22°29′E / 40.600° N; 22.483° E / 40.600; 22.483Координати: 40°36′N 22°29′E / 40.600° N; 22.483° E / 40.600; 22.483
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаГида
Надм. вис.&100000000000000090000009 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно536
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Нихор или Нихорабали (грчки: Νεοχώρι, Неохори, книжевно: Νεοχώριον, Неохорион) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на три километри југоисточно од градот Гида, на надморска височина од 9 метри.[2] Површината на селскиот атар изнесува 11 квадратни километри.

Сместено е во областа Урумлак. Во минатото, селото се наоѓало на јужниот брег на пресушеното Ениџевардарско Езеро во 1930-тите години.

Историја[уреди | уреди извор]

Нихор како и другите села во областа Урумлак, уште од постаро време било населено со Грци.[2]

Во селото по 1923 година биле населени и 21 бегалско семејство со вкупно 87 жители, а по извршените мелиорации во 1933 година и исушувањето на Ениџевардарското Езеро во селото се доселиле и други семејства.

Население[уреди | уреди извор]

Селани од Нихор, османлиска разгледница.

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во Нихори (Nïkhori), Берска епархија, живеат 240 Грци.[3] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Нихор е село во Берската каза и во него живееле 250 Грци христијани.[4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нихор (Nihor) живееле 250 Грци.[5]

Во пописот од 1913 година во селото се забележани 15, а во 1920 година 76 жители. По 1923 година тука биле сместени 21 бегалско семејство со вкупно 87 жители. Поради тоа во 1928 година селото имало пораст на населението и се водело со 173 жители. По извршените мелиорации во 1933 година во селото биле преселени и други семејства, така што во 1940 година бројот на жителите се искачил на 311 жители. Во 1951 година, Нихор е забележано со 439 жители, додека во пописите од 1961, 1971, 1981 и 1991 година веќе не се води како посебна населба, туку се смета дека како дел од селото Корифи, а бројот на неговите жители е пресметан во составот на селото Корифи.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 604 жители, со што по подолго време повторно се смета за посебна населба. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 536 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 311 439 604 536
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Гида со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нихор, во кој е единствено село.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 23.
  3. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 37.
  4. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 141.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.