Нихор (Урумлак)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нихор
Νεοχωρόπουλο
Нихор is located in Грција
Нихор
Нихор
Местоположба во областа
Нихор is located in Гида (општина)
Нихор
Местоположба на Нихор во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°36′N 22°30′E / 40.600° N; 22.500° E / 40.600; 22.500Координати: 40°36′N 22°30′E / 40.600° N; 22.500° E / 40.600; 22.500
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Надм. вис.&100000000000000030000003 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Нихор (грчки: Νεοχωρόπουλο, Неохоропуло; книжевно: Νεοχωρόπουλον, Неохоропулон) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Во минатото претставувало одделно село, но денес се смета за маало од селото Корифи.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Сместено е во областа Урумлак, југоисточно од градот Гида, на половина километар западно од Корифи.

Историја[уреди | уреди извор]

По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Нихор била мешана населба со 21 бегалско семејство со вкупно 87 бегалци.[1]

Население[уреди | уреди извор]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Нихор е село во Берската каза и во него живееле 100 Македонци.[2] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нихор (Nihor) живееле 100 Македонци.[3]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Денес, претставува дел од селото Корифи.

Наводи[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]