Чорново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чорново
Φυτεία
Поглед на селото Чорново во зима
Поглед на селото Чорново во зима
Чорново is located in Грција
Чорново
Чорново
Местоположба во областа
Чорново во рамките на Бер (општина)
Чорново
Местоположба на Чорново во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°34′N 22°07′E / 40.567° СГШ; 22.117° ИГД / 40.567; 22.117Координати: 40°34′N 22°07′E / 40.567° СГШ; 22.117° ИГД / 40.567; 22.117
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&10000000000000480000000480 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно409
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Чорново (грчки: Φυτεία или Φυτιά, Фитија, до 1926 година: Τσόρνοβον, Цорновон[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција. До денес е населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е оддалечено околу 14 километри северозападно од градот Бер и 10 километри југоисточно од градот Негуш, на надморска височина од 480 метри.[3] Површината на селскиот атар изнесува 44 квадратни километри.

Селото е сместено на источните падини планината Каракамен, на десет километри југозападно од селото Јанчишта.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото од своето основање, па сè до денес е населено со чисто македонско население и како такво не претрпело никакви етнички промени.[3]

На пописот во 1912 година, селото е забележано со македонски јазик и христијанска вера.[4]

Селото било преименувано во текот на 1926 година му било доделно името Фитија (Φυτεία).[5]

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Селото Чорново (понекогаш и Чернова) означува „црно вино“ и веројатно било така наречено поради големите лозови насади во областа и неговото црно вино.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Како полупланинско село, населението се занимава со земјоделство и сточарство. Се произведува овошје, пченица и други земјоделски производи. Прилично е развиено и самото сточарство, за кое постојат погодни услови.[3]

Воедно, населението во селото отсекогаш се занимавало и со лозарство и винарство.

Население[уреди | уреди извор]

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 280 Македонци христијани.[3][6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чорново (Tchornovo) имало 384 жители.[7]

Во 1910 година во Чорново (Τσόρνοβον) имало 550 жители.[8]

Селото веројатно било многу поголемо отколку што го забележал самиот К’нчов, затоа што во пописот од 1913 година било забележано со 639, во 1920 година со 679, во 1928 година со 776, во 1940 година со 977, во 1951 година со 880, во 1961 година со 828, во 1971 година со 635, во 1981 година со 537, а во 1991 година со 585 жители.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 483 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 409 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 977 880 828 635 537 585 483 409
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Добра со седиште во селото во Јанчишта, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Чорново, во кој покрај Чорново припаѓаат и Костемар, Љановрохи и Свети Никола.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Голем дел од населението на селото поради барање за подобри услови во последните години се иселуваат од селото, претежно во градот Бер.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσόρνοβον - Φυτεία
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 28–29.
  4. „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.
  5. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 145.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
  8. Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927

Белешки[уреди | уреди извор]