Свинички манастир

Координати: 40°32′13″N 22°28′39″E / 40.53694° СГШ; 22.47750° ИГД / 40.53694; 22.47750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свинички манастир
Свети Атанасиј
Μονή Αγίου Αθανασίου Σφηνίσσης
Карта
40°32′13″N 22°28′39″E / 40.53694° СГШ; 22.47750° ИГД / 40.53694; 22.47750
МестоСвиница кај Кипсели, Берско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Управа
Архијерејско намесништвоБерско
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Свинички манастир „Св. Атанасиј“ (грчки: Μονή Αγίου Αθανασίου Σφηνίσσης) — манастир кај Кипсели, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Манастирот е сместен на десниот брег на Бистрица, јужно од селото Кипсели. Наречен е по некогашното село Свиница, напуштено во првите децении на XX век.

Историја[уреди | уреди извор]

Манастирот е основан во средината на XVIII век. Во 1822 г, за време на Негушкото востание е уништен. Подоцна е обновен. За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија служел како база за андартите.

Во 1922 г. станал сиропиталиште за децата-сираци меѓу доселените Грци.[1] Во 1928 г. манастирот имал 102 деца и 30 лица персонал.[2] Истата година настрадал во земјотресот. Неговата обнова започнала во 1950-тите. Ограден е со висок ѕид и наликува на византиска тврдина.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ιερά Μονή Αγίου Αθανασίου Σφηνίτσης“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Занемарен непознатиот параметар |уеб_адрес= (help); Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)
  2. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 18.
  3. „Ιερά μονή Αγίου Αθανασίου Σφηνίτσης“. Архивирано од изворникот на 7 септември 2011. Посетено на 17 октомври 2011.