Хенир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хенир во илустрација од исландски ракопис од 17 век

Во нордиската митологија, Хенир (изворно: Hœnir) е еден од Асите. Тој се споменува како оној кој му помогнал на Один да создаде луѓе.

Споменувања[уреди | уреди извор]

Во сагата „Инглинга“ (Ynglinga), заедно со Мимир, тој отишол во Ванир како заложник да склопи примирје по Асиско-ванирската војна. Таму, Хенир бил неодлучен и се потпирал на Мимир за сите свои одлуки, негодувајќи неодлучни одговори кога Мимир бил отсутен.

Во поемата „Волуспа“, при создавањето на првите човечки суштества, Аск и Ембла, Хенир и Ложур му помагаат на Один. Според „Прозната Еда“, се вели дека Хенир му дал совест на човекот.[1] „Во „Гилфагининг“, наместо нив се споменуваат Вили и Ве. Бидејќи Снори Стурлусон ја познавал „Волуспа“, можно е Хенир да било друго име за Вили. Исто така, според „Волуспа“, Хенир бил еден од ретките богови што ќе го преживее Рагнарок.

Хенир исто така има мала улога во „Хаустлонг“ (Haustlöng) и „Регинсмал“ (Reginsmál). Кратерот Хенир на Калиста е именуван по него.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. MacCulloch, J.A.(2005). The Celtic and Scandinavian Religions. Cosimo, Inc. ISBN 1-59605-416-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]