Имела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Имела
MistletoeInSilverBirch.jpg
Viscum album која расте на Populus
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiosperms
Нерангирано: Eudicots
Нерангирано: Core eudicots
Ред: Santalales
Семејство: Santalaceae (Viscaceae)
Род: Viscum
Вид: V. album
Биномен назив
Viscum album
L.

Имелата е полупаразитско растение распространето во умерените и топлите краишта на светот. Опфаќа неколку фамилии од редот Сандаловидни (Santalales).

Во Европа расте белата имела со проѕирни зрнца. Таа живее на тополите, липа|липите, брестовите и брезите, а ја има по леските, јаворите, јасените и на дабовите.

Во Република Македонија виреат три видови имели: обична имела (Viscum album), дабова имела (Loranthus europaeus) и смрекова имела (Arceuthobium oxycedri)[1]

Имелата во народната медицина[уреди | уреди извор]

Имелата се споменува во нордиските и келтските легенди, кои ѝ припишувале божествени својства - машкост и плодност. исто така, Галите и Келтите ја употребувале како лек за многу болести, а подоцна неа ја ценеле многу познати лекари, како: Хипократ, Рудолф Штајнер и Себастијан Кнајп. Денес, собирачите на лековите треви ја сметаат за корисна при третманот на епилепсијата и другите невролошки нарушувања, бидејќи веруваат дека го зајакнува централниот нервен систем. Исто така, имелата се цени поради благотворното дејство за женските репродуктивни органи, за кардиоваскуларните заболувања, за системот на варење итн. Во антропозофската медицина, чиј творец е Рудолф Штајнер, имелата е ценета поради цитостатското дејство врз туморите. Врз нејзина основа се развиени лековите „Iscador“ и „Helixor“. Сепак, многу лекари од официјалната медицина ја сметаат имелата за бескорисна, па дури и штетна, поради тоа што содржи токсини.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Имели - полупаразитски растенија - Порта3 (македонски)
  2. Е.Т.Е., „Имелата ги разорува канцерогените клетки“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 30-31.