Нели Фуртадо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нели Фуртадо
Фуртадо во 2010 година
Биографски податоци
Родено име Нели Ким Фуртадо
Роден(а) декември 2 1978 (1978-12-02) (воз. 39 г.)
Викторија, Канада
Жанрови поп музика, фолк, Р&Б, Латино поп, хип хоп, денс поп, етно музика
Занимања Пејачка, текстописец, актерка
Инструменти Вокали, пијано, клавијатура, гитара, бас гитара, укелеле, тромбон
Период на активност 1996–денес
Издавачи DreamWorks, Geffen, Mosley, Interscope, Universal Music Latino
Мреж. место nellyfurtado.com

Нели Ким Фуртадо (англиски: Nelly Kim Furtado; родена на 2 декември 1978) — канадска пејачка, текстописец и глумица. Има продадено над 20 милиони албуми ширум светот и повеќе од 20 милиони синглови, со тоа достигнувајќи бројка од 40 милиони продадени снимки на светско ниво. Фуртадо за првпат ја достигнала славата со нејзиниот деби албум, Whoa, Nelly!, од кој произлегле два успешни синглови, „I'm Like a Bird“ и „Turn Off the Light“. „I'm Like A Bird“ ја освоила наградата Џуно за Сингл на годината во 2001 и Греми награда за најдобра женска поп изведба. Во 2003, Фуртадо го издала албумот Folklore, од кој произлегле три интернационални синглови — „Powerless (Say What You Want)“, „Try“ и „Força“. Три години подоцна го издала албумот Loose, кој што постигнал големи успеси на светско ниво. На овој албум се наоѓале четири број еден хитови: „Promiscuous“, „Maneater“, „Say It Right“ и „All Good Things (Come to an End)“. По пауза од три години, таа го издала нејзиниот прв шпански албум, Mi Plan, со тоа освојувајќи ја латинската Греми награда за Најдобар женски поп албум. Во 2012, Фуртадо ги издала нејзиниот четврти албум на англиски јазик, The Spirit Indestructible.[1][2] Работата на Фуртадо била наградена со бројни награди и признанија, вклучувајќи две Греми награди, 10 Џуно награди како и ѕвезда на канадската Патека на славните. Фуртадо била наградена со признанието „Командант на Редот на принцот Хенри„ на 28 февруари 2014 година, во Торонто, од страна на претседателот на Португалската република.[3][4][5]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Нели Фуртадо.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]