Филипо Томазо Маринети

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филипе Томасо

Филипо Томазо Маринети (Александрија, 22 декември 1876 година - Белаџо, 2 декември 1944) — италијански писател, поет, писател на романи и драматизации. Маринети се прославил како почетник на футуризмот.

Во единаесетте точки на својот „Манифест на футуризмот“, објавен во 1909 година во француското списание „Фигаро“ (Le Figaro), тој ја установил етиката и естетиката, и најавил поетика која ќе опева брзина, опасност, агресија. Исто така објавил војна на минатото и традицијата („ние сакаме да ги уништиме музеите, библиотеките и академиите од секој вид“).

Следеле и други манифести од кои последен бил „Манифестот на футуристичката фотографија“, издаден во 1930 година.

Маринети пишувал на италијански и француски јазик. Своите идеи ги реализирал преку Футуристичката политичка партија, а подоцна се приклучи на фашистичкиото движење на Мусолини.