Хилдеберт I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Статуа на Хилдеберт од неговата опатија Сен-Жермен де Пре, 13-ти век (Лувр)

Хилдеберт I (~496 – 13 декември 558) — франкиски крал на Париз, од меровиншката династија, еден од четирите сина на Клодовик I кој го поделил кралството на Франките на синовите после својата смрт во 511. Тој бил еден од синовите на Света Клотилда, родена во Ремс.

При поделбата на кралството, тој како свој дел го добил градот Париз, и земјата северно сé до реката Сома, на запад до Англискиот канал, и Армориканскиот полуостров (денешна Брeтања). Неговите браќа владееле во другите земји: Теудерик I во Мец, Клодомир во Орлеан, а Клотар I во Соасон.

Во 523, Хилдерик со своите браќа учествувал во војна против Годомар од Бургундија. Клодомир умрел во Битката кај Везеронс (524). Во 524, по убиството на децата на Клодомир, Хилдеберт ги земал градовите Шартр и Орлеан под своја власт.

Учествувал во разни воени походи против кралството на Бургундија. Го опседнал Отен во 532 и, во 534, како свој дел од тоа кралство ги добил градовите Макон, Женева, и Лион. Кога Витигес, кралот на Остроготите, ја препуштил Прованса на Франките во 535, браќата на Хилдеберт му ги оставиле во владеење градовите Арл и Марсеј. Припојувањето на таа провинција било комплетирано, со помош на Клотар, зимата 536–537.

Во 531, добил писмо од сестра му Кротилда, жена на кралот Амаралик на Визиготите, аријански крал на Хиспанија, Клотилда тврдела, дека е матретирана бидејќи била Католик. Хилдеберт отишол таму со војска и го поразил визиготскиот крал. Кротилда починала од непознати причини на патот за дома.

Хилдеберт направил и други воени походи против Визиготите. Во 542, ја зазел Памплона со помош на неговиот брат Клотар и ја опседнал Зарагоза, но бил принуден да се повлече. Од овој поход тој во Париз донел скапоцена реликвија, туниката на Свети Винсент, во чија чест тој на Портите на Париз го изградил познатиот манастир на Св. Винсент, подоцна познат како Сен Жермен-де-Пре.

Починал на 13 декември 558, и бил погребан во опатијата што ја основал, каде му бил откриен и гробот.[1] Со неговата жена Ултрагота немал синови, само две ќерки, Кродоберга и Кродесинда. Хилдеберт бил успешен монарх. Тој го проширил своето царство во повеќе туѓи територии, повеќе од своите браќа. Се борел во Бургундија (повеќе од еднаш), Шпанија (повеќе од еднаш), Прованса, и на други места во Галија. Григориј Турски, негов современик, вели дека Хилдеберт рекол: Velim unquam Arvernam Lemanem quae tantae jocunditatis gratia refulgere dicitur, oculis cernere.[2] Хилдеберт исто така бил и најрелигиозен од сите синови на Клодовик кој соработувал со браќата, ја спасил сестра му и го изградил познатиот манастир на Св. Винсент за да ја вдоми неговата реликвија.

Потекло[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. See "Nouveaux documents sur le tombeau de Childebert a Saint-Germain-des-Prés" in the Bulletin de la Société des Antiquaires, 1887.
  2. Translation:

Извори[уреди | уреди извор]

  • Gregory of Tours. The History of the Franks. 2 vol. trans. O. M. Dalton. Oxford: Clarendon Press, 1967.
  • Geary, Patrick J. Before France and Germany. Oxford University Press: 1988.
Хилдеберт I
Роден(а): 496 Починал(а): 558
Претходник
Клодовик I
Крал на париз
511–558
Наследник
Клотар I