Прејди на содржината

Хлотар II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хлотар II
Монета од Хлотар II (584-628). Британски музеј.
Крал на Франките
На престол584-613
ПретходникСигеберт II (Обединување на Франките)
НаследникДагоберт I: Крал на Франките
Хариберт II: Крал на Аквитанија
Роден(а)584
Починал(а)18 октомври 629
СопружнициХалтруда
Бертруда
Сихилда
ДинастијаМеровинзи
ТаткоХилперик I
МајкаФредегонда
Потпис

Хлотар II, наречен Младиот, (пролетта 58418 октомври 629) е крал на Неустрија од 584 до 613 и крал на Франките од 613 до 629, после освојувањето на кралството на Австразија. Тој е син на Хилперик I, крал на Неустрија, и на Фредегонда. Хлотар II ја утврдил својата кралска реззиденција во Клиши-сир-Сен (Горна Сена). Тој поседувал и бројни второстепени резиденции.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Хлотар II преговара со Ломбардите.

Син на Хилперик I и на Фредегонда, Хлотар II станува крал на Неустрија на возраст од четири месеци.
Тајно одгледан во кралската вила во Витри ан Артоа за да биде заштитен од евентуално убиство бидејќи неговите родители сметале дека неговите починати браќа биле жртви на истото, како и поради амбициозните кои би профитирале од неговата смрт за да започнат конфликт околу наследството, тој не добил име кога се родил; тоа било со цел да не шират вознемиреност поврзана со симболиката на меровиншкото име.[1].
Во септември 584, Хилперик I е убиен близу дворецот во Шел, несомнено по заповед на кралицата Брунхилда[2], после некоја партија лов. По оваа ситуација настанал еден општ хаос. Моќниците од Неустрија го пљачкале богатството на Хилперик, посебно неговиот мисориум со злато[3] и ги украле сите поважни документи за да побегнат во Австразија.
Принцезата Ригонда е нападната во Тулуза од страна на војводата Дидие, вмешан во заговорот на Гондовалд, кој го украл нејзиниот мираз по што таа не можела да се омажи со Рекаред[4]. Избувнале војни меѓу разни спротивставени градови, така Орлеан и Блоа се кренале против Шартр и Шатоден[5]. Кралицата Фредегонда успеала да ги спаси своите лични богатства а верни и останале офицерите Ансоалд и Аудон[6], спротивно од остатокот на аристократијата којашто и го свртела грбот [7]. Таа го испратила синот од Витри во Париз и му пратила порака на Гунтрам за овој да прифати да го посвои детето[8], кое имало само четири месеци, и да стане регент сè додека овој не стане полнолетен.
Хилдеберт II, кој бил близок со Meaux во моментот на убиството на Хилперик, тргнал накај Мелен со цел да го заземе Париз, но Гунтрам го попречил. Собир на моќниците на Неустрија се одржал предводен од Гунтрам и овие го признале детето на Фредегонда за син на Хилперик I, иако сомнежите околу татковството остануваат.[9] ·[10]. Тие му го дале името Хлотар[9], име кое го носел таткото на Гунтрам а дедо на Хилдеберт II. Тогаш детето било посвоено од страна на Гунтрам. Офицерот Ансоалд бил задолжен да преземе контрола врз неустриските градови во кои завладеале немирите по смртта на кралот.
Градовите тогаш положиле заклетва за верност на Гунтрам и на Хлотар[11]. Гунтрам испратил свои трупи за да си ги поврати градовите што ги изгубил при конфликтот со Хилдеберт и Брунхилда а по нивното освојување се вратил во своето кралство. Фредегонда била испратена во дворецот Водреј, во епархијата на Руан [12]. Во тек на летото 585, Гунтрам отишол во Париз да го крсти Хлотар и дал заклетва пред Фредегонда, три владици и триста аристократи од Неустрија, дека Хлотар II е легитимен син на Хилперик I. Но крштевањето било поништено. Требало да се одржи синод во Троа но Австразијците одбиле да присуствуваат доколку Гунтрам не се откаже од Хлотар. Синодот бил преместен во Макон и се одржал на 23 октомври 585.

Фредегонда во посета на Претекстат на неговата смртна постела mort од Лоренс-Алма Тадема.

Додека Гунтрам се обидувал да ја освои визиготската Септиманија, Фредегонда се обидува да побегне од надзорот што врз неа го имал Претекстат и да побегне од Руан. Тој бил пробеден со нож во тек на некоја неделна миса. Тој не починал веднаш и отворено ја обвинил Фредегонда дека е изворот на сите негови несреќи и за убиствата на сите други кралеви и фрлил клетва врз неа. Набрзо потоа владиката починал.
Кралицата тогаш ја искорисстила слободата да ги обедини приврзаниците од редот на благородниците и свештениците заканувајќи им се дека доколку не го сторат тоа ќе бидат во војна со Гунтрам и успеала да го поврати кралството на Хилперик [13] . Сепак, Гунтрам се обидел да ја ослабне Неустрија поткупувајќи дел од аристократијата за да ги зачува поседите што ги имал присвоено меѓу Сена и Лоара [14]. Во 587, тој успеал на Неустрија да и ги одземе градовите Анже, Сент и Нант[15]. Фредегонда тогаш се обидела да преговара за мир и пратила амбасадори со наредба да го убијат Гунтрам. Тие биле заробени а Гунтрам потоа ги прекинал сите релации со Неустрија [16].

Во 593, иако станува збор за симболично присуство бидејќи имал само девет години, Хлотар II се појавува на чело на своите војски кои го поразиле шампањскиот војвода Винтрио кој сакал да ја нападне Неустрија. Во 596, тој ја опустошил околината на Париз. Неговата мајка умрела во 597 а неговите роднини Теодорих II и Теодеберт II се здружиле против него во Битката кај Дормел (600) кои го натерале да потпише спогодба дека неговото кралство ќе биде составено само од регионите Бове, Амјен и Руан.

Првиот обид одново да си го освои кралството се завршил со неуспех и со смрт на неговиот син Меровех во 604.
Хлотар тогаш ја сменил стратегијата и се зближил со Теодорих II во 607 станувајќи и кум на Меровех, синот на Теодорих.
Во 608, Теодорих II ја избркал својата визиготска сопруга и заради тоа завојувал со татко и Витерик, кој оформил со Хлотар II, Теодеберт II и Агилулф, крал на Ломбардите коалиција против Теодорих II, но која немала некој поголем ефект.

Омразата меѓу двата брата Теодорих II и Теодеберт II ескалирала така што тие влегле во војна во 611.
Теодорих II бара помош од Хлотар, ветувајќи му ја северната половина од Неустрија, го победува братот во 612 во тек на Битката кај Тул потоа кај Толбијак и го егзекутира и него и неговите синови.
Како што било договорено, Теодорих на Хлотар му го дал северот на Неустрија, но веднаш потоа организира напад на Неустрија, кога и умира од дизентерија во Мец во 613. Неговата војска веднаш се растурила, а Брунхилда на престолот на Австразија го поставила својот правнук Сигеберт II.

Измачувањето на кралицата Брунхилда. Големи хроники на Франција од Шарл V. 14 век. Париз, Национална библиотека на Франција.

Не прифаќајќи да бидат под власт на Брунхилда, австразиските благородници го повикале Хлотар II, кој ја нападнал Австразија, го убил младиот крал и неговите браќа, освен Меровех на кој му бил кум и Хилдеберт кој побегнал.
Брунхилда осудена дека убила десет крала [17] е осудена и измачувана[18] потоа била врзана со нозете за некој коњ во галоп[19]. Во 623, тој го дал своето кралство Австразија на неговиот помлад син Дагоберт I. Ова бил политички потег направен во име на поддршката на епископот Арнулф од Мец и на Пипин I, мајордом на Австразија, двајцата водечки австразиски благородници, кои впрочем и биле наградени со полуавтономија.

Хлотар II умрел во 629 после 45 години на престолот, подолго од било кој друг крал на меровиншката династија со исклучок на неговиот дедо Хлотар I, кој владеел од 511 до 561. Тој ја оставил круната со намалена моќ и го подготвил патот за воздигнување на мајордомите и на мрзливите кралеви.

Потомство

[уреди | уреди извор]

Првиот пат се оженил со Халтруда, која ги родила :

  • Меровех, кој бил испратен заедно со Ландерик, мајордом на Неустрија, да се борат со австразиецот Бертоалд во Арел во 604, но и двајцата биле убиени во текот на битката.
  • Ема, се омажила во 618 за Едбалд († 640), крал на Кент.

Вториот пат се оженил со Бертруда, цитирана во 613 и во 618, веројатно ќерка на Рикомер, од Бургундија. Таа ги родила:

И можеби :

  • син кој починал млад во 617.
  • Берта, сопруга на Варнакер († 626), Мајордом на Австразија[20].

Во 618, се оженил со Сихилда, сестра на Гоматруда, која ќе се омажи со Дагоберт I, крал на Франките и веројатно на Бродуфла (или Брунуфла), која ќе го поддржи Хариберт II[21]. Сихилда порано била негова конкубина и веќе го имала[22] родено :

  1. Bruno Dumézil, La reine Brunehaut, Paris, éditions Fayard, 2008, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article212.
  2. Frédégaire, Chronique, III, 93.
  3. Grégoire de Tours, Historia Francorum, VII, 4.
  4. Grégoire de Tours, Historia Francorum, VII, 9.
  5. Grégoire de Tours, Historia Francorum, VII, 2.
  6. Grégoire de Tours, Historia Francorum, VII, 15.
  7. Grégoire de Tours, Historia Francorum, VII, 21.
  8. Grégoire de Tours, Historia Francorum, VII, 5.
  9. 9,0 9,1 Grégoire de Tours, Historia Francorum, VII, 7.
  10. Grégoire de Tours, Historia Francorum, VIII, 9.
  11. Grégoire de Tours, Historia Francorum, VII, 8.
  12. Grégoire de Tours, Historia Francorum, VII, 19.
  13. Grégoire de Tours, Historia Francorum, VIII, 31.
  14. Grégoire de Tours, Historia Francorum, VIII, 42.
  15. Grégoire de Tours, Historia Francorum, VIII, 43.
  16. Grégoire de Tours, Historia Francorum, VIII, 44.
  17. Во списокот кој го дава хрониката на Фредегер, авторот го споменува Меровех синот на Теодеберт II убиен од Бургондите, но овој принц е нарекуван Хлотар во списокот на жртви кој го истакнува судот којшто ја осудил Брунхилда. Chronique de Frédégaire, IV, 43.
  18. Chronique de Frédégaire, IV, 42 ; Continuation de la Chronique d'Isidore.
  19. Bruno Dumézil, La reine Brunehaut, Paris, éditions Fayard, 2008, p.386.
  20. Според Леон Левилен|наслов=Меровиншки студии.
  21. Хариберт му е полубрат на Дагоберт. cf. Тезата на Вуд : чичкото на Хариберт, Бродулф, бил брат на Сихилда.
  22. Хариберт веќе бил дете во 632, па мора да е роден пред 618. Тоа значи дека Хлотар II и Сихилда биле во врска пред нивниот брак.

Понатамошни читања

[уреди | уреди извор]
  • de Tours, Histoire des Francs [Податоци за издавањето] .
  • Settipani, Christian (1993). La Préhistoire des Capétiens (Nouvelle histoire généalogique de l'auguste maison de France, том 1) (француски). уредн. Patrick van Kerrebrouck. ISBN 2-9501509-3-4..
  • Jean-Charles, Volkmann (1999). Bien connaître les généalogies des rois de France. Éditions Gisserot. ISBN 2-877472086..
  • Gobry, Clotaire II, збир. « Histoire des rois de France » ISBN 2-85704-966-8 .
  • Frédégaire (trad. par O. Devilliers et J. Meyers), Chronique des Temps Mérovingiens, édition Brepols, 2001 ISBN 2503511511.
  • Chroniques du temps du Roi Dagobert (592-639) (traduites du latin par François Guizot et Romain Fougère). 2 édition. Clermont-Ferrand : Paleo, coll. « Sources de l'histoire de France », 2004. 169 p., 21 cm. ISBN 2-913944-38-8.
Хлотар II
Роден(а): 584 Починал(а): 629
Претходник
Хилперик I
Крал на Неустрија
584–613
со Фредегонда (584–597)
Наследник
Дагоберт I
in Австразија & Неустрија

Хариберт II
in Аквитанија
Незаземено
Последен владетел
Хлотар I
Крал на Франките
613–629