Хилдерик III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хилдерик III
Крал на Франките
Jean Dassier (1676-1763) - Childéric III roy de France (754).jpg
Хилдерик III (752).
Крал на Франките
На престол 743–752
Претходник Теудерик IV
Наследник Пипин
Деца
Теудерик
Династија Меровинзи
Роден(а)  ?
Починал(а) околу 754

Хилдерик III (c.717 - c.754) бил последниот крал на Франките од династијата Меровинзи од 743 па сé до неговото разрешување од страна на папата Захариј во март 752 г. Кога Хилдерик го разрешил, Папата го крунисал Пипин Малиот, таткото на Карло Велики, за крал на Франките во Соасон.[1]

Престолот бил празен седум години кога мајордомите на Палатата, Карломан и Пипин Малиот, решиле во 743 да го признаат Хилдерик за крал. Ниту неговата сродност, ниту пак врската со меровиншкото семејство не е сигурно докажана. Неговото потекло е непознато. Тој можеби бил син на Хилдерик II или пак на Теудерик IV.[2]

Тој не учествувал во јавниот живот, кој бил управуван, исто како претходно, од мајордомите на палатата. Кога, во 747, Карломан се повлекол во манастир, Пипин одлучил самиот да ја земе кралската круна. Пипин му испратил писмо на папата Захариј, прашувајќи го дали титулата на крал припаѓа на оној кој ја има власта и моќта или на оној од кралска лоза. Папата одговорил дека оној со вистинска моќ исто така ја заслужува и титулата крал. На почеток на март 752 Хилдерик бил симнат од престолот од страна на папата Захариј а косата му била ошишана.[3] Неговата долга коса била симболот на неговата династија а со тоа и кралски права и магична моќ; со тоа што му ја ошишале го лишиле од кралските привилегии. Кога го симнале од престолот, тој и неговиот син Теудерик биле сместени во манастирот Сен-Бертен односно, тој во Сен-Омер а Теудерик во Сен-Вандриј.

Има конфликт во информациите за тоа кога точно починал. Некои наводи цитираат дека тоа се случило во 753 а други велат во 758. Под власт на Каролинзите, добил лош глас, и го нарекувале rex falsus, лажен крал, и покрај фактот дека токму Пипин заедно со папата Стефан II бил тој што го донел на тронот.

Уметнички импресии[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Claudio Rendina & Paul McCusker, The Popes: Histories and Secrets, (New York : 2002), pg 145
  2. Barbara H. Rosenwein, A Short History of the Middle Ages, (University of Toronto : 2009), pg 84
  3. Charles Knight, The English Cyclopaedia: Volume IV, (London : 1867); pg 733

Библиографија[уреди]

Незаземено
Title last held by
Карло Мартел
(Acting)
Крал на Франките
743 – 752
Наследник
Пипин