Список на франкиски кралеви
Франките на почетокот биле предводени од страна на војводи (воени водачи) и регули (кралеви). Салиските Меровинзи завладеале меѓу Франките и го освоиле поголемиот дел на Римска Галија. Тие воедно ги поразиле и Визиготите во 507. Синовите на Хлодовик го освоиле Кралството Бургундија и ги поразиле Алеманите. Ја земале Прованса и ги покориле Баварите и Турингите. Меровинзите подоцна биле заменети со нова династија наречена Каролинзи во 8 век. До крајот на 9 век, Каролинзите биле заменувани од други династии. Идејата за "Крал на Франките" или Rex Francorum постепено исчезнала докај 12 и 13 век.
Временската табела на франкиските водачи е тешко да се определи бидејќи кралството, согласно старата германска практика, честопати било делено меѓу синовите на водачот после неговата смрт а потоа повторно било и обединувано.
Војводи и регули
[уреди | уреди извор]Рани владетели
[уреди | уреди извор]Овој список на рани владетели е нецелосен поради недостиг на целосни историски податоци.
- Аскарик
- Мерогез
- Малобавд
- Генобавд
- Суно
- Маркомер
- Фарамонд, син на Маркомер, полулегендарен крал
- Теодомер, син на Рикомер, крал околу 422
- Егидиј
- Сигеберт Куциот, крал 483 – 507, убиен од неговиот син Клодорик Парицид
- Клодорик Парицид, син на Сигеберт, крал 507, симнат од престолот од страна на Хлодовик
Владетели на Салите
[уреди | уреди извор]- Хлодион, веројатно син на Фарамонд, крал во Диспаргум и подоцна во Турне (426 – 447)
- Меровех, веројатно син на Хлодион, крал во Турне (447 – 458)
- Хилдерик I, син на Меровех, крал во Турне (458 – 481)
- Хлодовик I, син на Хилдерик I, крал во Турне (481 – 511), подоцна ги обединил поголемиот дел Франки и Римски Гали.
Сите од следниве на списокот можеби се поврзани со Хлодовик и евентуално симнати од престолот пред 509:
- Харарик
- Рагнакар, веројатно крал во Комбре од пред 486, убиен од страна на Хлодовик
- Рикар, брат на Рагнакар, убиен од страна на Хлодовик
- Ригномер, брат на Рагнакар, убиен од Хлодовик кај Манс
Меровиншки кралеви на Франките
[уреди | уреди извор]На сите Франки
Слика | Име | Дата на раѓање | Дата на умирање | Владеење | Поврзаност со претходникот |
---|---|---|---|---|---|
Хлодовик I | околу 466 | 27 ноември 511 | 509–511 | N/A |
Хлодовик I ги обединил сите мали франкиски кралства како и владеел со поголемиот дел на Римска Галија освојувајќи го Доменот на Соасон од римскиот генерал Сијагриј како и Визиготското кралство на Тулуза. Го заземал Париз, како и Соасон, Ремс, Мец, и Орлеан кои станале негови главни упоришта. По неговата смрт, кралството било поделено помеѓу неговите четири сина:
Соасон | Париз | Орлеан | Ремс | ||||
Слика | Име | Слика | Име | Слика | Име | Слика | Име |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Хлотар I 511–561 |
Хилдеберт I 511–558 |
Хлодомер 511–524 |
Теодорих I 511–534 [1] | ||||
Го имал Париз потоа и Соасон | |||||||
Теодеберт I 534–548 | |||||||
Теодебалд 548–555 | |||||||
Го добил Соасон 558 | Го добил Соасон во 555 |
Хлотар I по смртта на браќата или нивните наследници ги наследил сите кралства. После неговата смрт, кралството повторно се поделило меѓу неговите четири синови:
Соасон (Неустрија) |
Париз | Орлеан (Бургундија) |
Ремс и Мец (Австразија) | ||||
Слика | Име | Слика | Име | Слика | Име | Слика | Име |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Хилперик I 561–584 |
Хариберт I 561–567 |
Гунтрам 561–592 [2] |
Сигеберт I 561–575 | ||||
Поделено во 567, веројатно паднато во рацете на Соасон | |||||||
Хилдеберт II 575–595 | |||||||
Хлотар II 584–629 | |||||||
Го добил Ремс и Мец 592 | |||||||
Теодорих II 595-613 |
- | Теодеберт II 595–612 | |||||
Го добил Орлеан во 612 потоа Соасон | |||||||
- | Сигеберт II 613 | ||||||
Го добил Соасон во 613 | |||||||
Дагоберт I 623–629 |
Хлотар II ја поразил Брунхилда и нејзиниот внук, и го обединил кралството. Сепак, во 623, за да ги осигура границите од нападите, на Австразијците им го дал неговиот млад син за крал. Неговиот син и наследник, Дагоберт I, го направил истото назначувајќи подкрал за Аквитаника, со седиште во Тулуза, во 629 и Австразија во 634.
Неустрија, Австразија и Бургундија | Аквитанија | ||
Слика | Име | Слика | Име |
---|---|---|---|
Дагоберт I 629–634 |
Хариберт II 629–632 | ||
Хилперик 632 | |||
Де факто автономија до околу 767. |
Неустрија и Бургундија | Австразија | ||
Слика | Име | Слика | Име |
---|---|---|---|
Дагоберт I 634–639 |
Сигеберт III 634-656/660 | ||
Хлодовик II 639–655 | |||
Хлотар III 655–673 |
- | Хилдеберт III Посвоениот 656-661 | |
Наследено од Хлотар III, но подарено на Хилдерик II во 662. | |||
Хилдерик II 662–675 Обединето владеење од 673–675 | |||
Теодорих III 673 | |||
Хилдерик II 673–675 Сменет Теодорих III до неговата смрт во 675 | |||
Теодорих III 675-691 Обединето владеење после 679 | |||
Хлодовик III 675-676 | |||
Дагоберт II 676-679 | |||
Ги добил Неустрија и Бургундија |
Теодорих III бил признат за крал на сите Франки во 679. Оттогаш, кралството на Франките може да се третира повторно како целина со кус период на граѓанска војна.
Слика | Име | Дата на раѓање | Дата на умирање | Владеење | Поврзаност со претходникот |
---|---|---|---|---|---|
Теодорих III | околу 654 | 12 април 691 | 679-691 | N/A | |
Хлодовик IV | c. 678 | c. 695 | 691–695 | син на | |
Хилдеберт IV | c. 670/683 | 23 април 711 | 695–711 | брат на | |
Дагоберт III | околу 699 | 31 декември 715 | 711–715 | брат на | |
Хилперик II | c. 672 | 13 февруари 721 | 715–720 | прв братучед на | |
Хлотар IV | ? | c. 719 | 717–718 противнички крал марионета во Австразија |
роднина на | |
Теодорих IV | околу 712 | 16 март/30 април 737 | 720-737 | син на Дагоберт III | |
интерегнум 737 – 743 | |||||
Хилдерик III | c. 717 | c. 754 | 743–752 | роднина на |
Каролинзи
[уреди | уреди извор]Мајордоми на палатата
[уреди | уреди извор]Каролинзите на почеток биле мајордоми под меровиншките кралеви, прво во Австразија и подоцна во Неустрија и Бургундија. Во 687, Пипин Херисталски ја земал титулата Војвода на Франките (dux et princeps Francorum) после неговото освојување на Неустрија со Битката кај Тертри. Од современите хроничари ова се цитира како почеток на владеењето на Пипинидите. Меѓу 715 и 716, потомците на Пипин биле наследници.
- Пипин I од Ланден (Австразија: 623 – 629 и 639 – 640)
- Гримоалд I (Австразија: 643 – 656; починал 662)
- Пипин II од Херстал (Австразија: 680 – 714, Неустрија и Бургундија: 687 – 695)
- Дрого (Бургундија: 695 – 708)
- Гримоалд II (Неустрија: 695 – 714, Бургундија: 708 – 714)
- Тедоалд (Австразија, Неустрија, и Бургундија: 714 – 716)
- Карло Мартел (Австразија: 715 – 741, Неустрија и Бургундија: 718 – 741)
- Карломан (Австразија: 741 – 747; died 754 or 755)
- Пипин III Малиот (Неустрија and Burgundy: 741 – 751, Австразија: 747 – 751)
Во март 752,[3][4] Пипин III станал крал на Франките и титулата мајордом изчезнала. Каролинзите ги замениле Меровинзите како владејачка династија.
Кралеви на Франките
[уреди | уреди извор]- Пипин Кусиот, 752 – 768
- Карломан I, 768 – 771 (Бургундија, Алеманија, јужна Австразија)
- Карло I, наречен Карло Велики, 768 – 814 (отпрвин само Неустрија, Аквитанија, северна Австразија), Крал на Ломбардите 774, Император 800
- Војводата од Мајна: Карло Помладиот, 790 – 811
- Италија: Пипин од Италија, 781 – 810; Бернард од Италија, 810 – 817
- Аквитанија: Луј Побожниот, 781 – 814
- Луј I, наречен Побожниот, император и крал на Франките со Карло Велики 813 – 814, потоа, 814-840
- Италија: Лотар I, 817 – 855
- Баварија: Лудвиг Германски, 817 – 843
- Аквитанија: Пипин I, 817 – 838; Карло Ќелавиот, 838 – 855, во опозиција со Пипин II, 838 – 851
Луј Побожниот направил многу поделби во текот на неговиот животен век. Последната поделба, прогласена во Вормс во 838, го направила Карло Ќелавиот наследник на запад, вклучувајќи ја и Аквитанија, а Лотар наследник на исток вклучително и Италија додека пак Баварија му била оставена на Лудвиг Германски. Сепак, после смртта на царот во 840, империјата западнала во граѓанска војна која траела три години. Франското кралство било поделено со Верденскиот договор во 843. На Лотар му било дозволено да ја задржи титулата император и неговото кралство во Италија, и му било доделено новонастанатото кралство Средна Франкија, коридор кој се протегал од Италија до Северното Море, и вклучително долноземието, Роналенд, Бургундија, и Прованса. Карло бил потврден во Аквитанија, каде синот на Пипин I, Пипин II, му се спротивставил, и ја добил Западна Франкија (денешна Франција), земјите западно од кралството на Лотар. Лудвиг Германски бил потврден вон Баварија и ја добил Источна Франкија (денешна Германија), земјите источно од кралството на Лотар.
Следнава табела не го дава целосниот список за некои од бројните кралства (регна) на империјата, особено оние кои биле подкралства (субрегна) на Западното, Средишното, или Источното кралство како Италија, Прованса, Неустрија, и Аквитанија.
Западно кралство (или Франција)
Источно кралство (или Германија)
Имињата обележани со (*) не биле Каролинзи, туку Робертини.
- Карло II, наречен Ќелавиот, 843 – 877, Крал на Италија и император 875
- Аквитанија: Карло Детето, 855 – 866; Луј Д`ткавиот, 866 – 877
- Неустрија: Луј Д`ткавиот, 856 – 877
- Луј II, наречен Д`ткавиот, 877 – 879
- Луј III, 879 – 882, заедно со
- Карломан II, 879 – 884
- Карло Дебелиот, 884 – 888, император 881
- Одо,* 888 – 898
- Карло III, наречен Простиот, 898 –
922 (de facto)/923 (de jure) - Роберт I,* 922 – 923
- Рудолф,* 923 – 936
- Луј IV, наречен Прекуморски, 936 – 954
- Лотар, 954 – 986
- Аквитанија: Луј Мрзливиот, 980 – 986
- Луј V, наречен Мрзливиот, 986 – 987
После ова, династијата Капети владеела со Франција. За понатаму, види Список на француски кралеви.
- Лотар I, 843 – 855, император од 824 (постар император од 840)
После смртта на Лотар во 855, кралството било поделено меѓу неговите синови:
- Луј II, 855 – 875, најстариот син, го наследил својот татко како император и ја добил Италија. За понатаму, види Крал на Италија.
- Лотар II, 855 – 869, вториот син, ја добил северната половина на Средна Франкија, која била наречена "Лотарингија" (Лорена) изведено од неговото име. За понатаму, види Список на владетели на Лорена.
- Карло, 855 – 863, најмладиот син, ја добил јужната половина на Средна Франкија, која се состоела од Прованса и Бургундија. За понатаму, види Крал на Бургундија.
Луј ги поделил своите земји меѓу трите сина, но сите на крајот, до 882, припаднале на најмладиот:
- Карломан, Крал на Баварија 876-880. Крал на Италија 877
- Луј III, наречен Помладиот, Крал на Саксонија, Франконија, и Турингија 876 – 882, ја наследил Баварија од својот брат Карломан во 880
- Карло III, наречен Дебелиот, крал на Швабија, Алеманија и Ретија 876 – 887, ја наследил Италија од својот брат Карломан во 879, и го наследил остатокот од Источна Франкија од неговиот брат Луј во 882. Император 881
После Карло Дебелиот, Источна Франкија била наследена од неговиот внук:
- Арнулф, 887 – 899, крал на Италија и император 896
- Италија: Ратолд, 896
- Лотарингија: Звентиболд, 895 – 900
- Луј Детето, 899 – 911
Луј Детето бил последниот источнофранкиски каролиншки владетел. Него го наследил Конрад од Франконија а потоа саксонската Отониска династија. За понатаму, види Список на германски кралеви.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Оспоруван од Мундерик, 533, противничкиот крал во Оверња
- ↑ Оспоруван од Гундоалд, 584 – 585, противнички крал во Аквитанија
- ↑ Charles Knight, The English Cyclopaedia: Volume IV, (London : 1867); pg 733 "We have no circumstantial account of this important event, except that Pepin was anointed at Soissons, in March 752, by Boniface, bishop of Mainz, called the Apostle of Germany, before the assembly of the nation."
- ↑ Claudio Rendina & Paul McCusker, The Popes: Histories and Secrets, (New York : 2002), pg 145
Понатамошни четива
[уреди | уреди извор]- Историја на Франција прикажана во книгата "Grandes Chroniques de France", а особено онаа хроника на кралот Шарл V меѓу 1370 и 1380 која претставува сага на трите големи династии, Меровинзите, Каролинзите, и Капетите, кои ги утврдиле границите на кралството. Овој документ бил направен во тек на Стогодишната војна, борба меѓу владетелите на династиите од Франција и Англија со противничките барања на францускиот престол. Затоа треба да се прочита и внимателно да му се пристапи како извор.
- The Cambridge Illustrated History of France - Cambridge University Press
- The Origins of France: Clovis to the Capetians 500-1000 by Edward James ISBN 0-333-27052-5
- Late Merovingian France: History and Hagiography, 640-720 (Manchester Medieval Sources); Paul Fouracre (Editor), Richard A. Gerberding (Editor) ISBN 0-7190-4791-9
- Britannica Concise Encyclopedia: Merovingian Dynasty: [1].
- Medieval France: An Encyclopedia, eds. W. Kibler and G. Zinn. New York: Garland Publishing, 1995.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|