Гунтрам (крал)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гунтрам

Свети Гунтрам (c. 532, Соасон28 јануари 592) (исто така нарекуван и Гонтрам, Гонтран, Гунтхрам, or Гунтхрамн) бил крал на Бургундија од 561 до 592. Тој бил син на (трет најстар, втор најстар кој преживеал) на Клотар I и Ингунда. По смртта на неговиот татко (561), станал крал на четвртото од кралствата на Франките, и го направил Орлеан своја престолнина. Неговото име Гунтрам[1], означува « Воинствен гавран », Gunth Chramn на старофранкиски јазик, Gunth (битка) и Chramn (гавран)[2], Тој бил еден од оние Меровинзи кој бил канонизиран и прогласен за светец од страна на Црквата. Неговиот патронат се слави на 28 март.

Биографија[уреди | уреди извор]

Син на кралот на Франките Клотар и на Ингунда, по смртта на неговиот татко во 561, го наследил старото кралство на Бургундија. Него Грегориј Турски го нарекува “добриот крал Гунтрам“.

Морал да се бори против другите варварски народи кои му се заканувале на кралството. Исто така во одреден период се обидувал и да ги помири своите завојувани браќа Сигеберт и Хилперик. По смртта на вториот, тој бил повикан од страна на кралицата Фредегонда за да ја заштити нејзе и нејзиниот син Клотар II.

Бидејќи неговите синови починале на рана возраст, тој во 577 го присвоил својот внук, Хилдеберт II, синот на Сигеберт и на Брунехилда.

Гунтрам и Хилдеберт II.

Кога епидемија на чума го зафатила градот Марсеј, тој му наредил на населението да се скрие во црквите а да се моли за божја милост, да јадат само леб од `рж и да пијат само вода.[3].

Ја изградил катедралата Св. Петар од Женева, и поради посветеност на Св. Жан-Батист, ја изградил црквата Сен-Жан-де-Морен, на која бил и владика.

Починал во својата постела, на 28 март 592 или 593 на возраст од шеесет и осум години[4]. Закопан е во Сен-Марсел ле Шалон (71) во баззиликата којашто ја изградил во чест и врз гробот на Св. Марсел, лионски маченик од 2 век. Оваа градба била изградена во 584. После неговата смрт неговото кралство му припаднало на Хилдеберт II. Владиците на неговото кралство него го жртвувале [5].

Поколение[уреди | уреди извор]

Следниве конкубини и потомци на Гунтрам се познати:[6] :

  • Конкубинат со Венеранда, галска слугинка. Од оваа врска потекнуваат :
    • Гондебо (Околу 561 - Околу 566). Отруен од Маркатруда.
  • Сопруга околу 565 Маркатруда (+ околу 566), франкиска благородничка, ќерка на војводата Мањакер. Од оваа врска потекнуваат :
    • Син кој починал додека бил бебе (566).
  • Сопруга околу 567 Острегилда на прекар наречена Бобила (+ 580), франкиска слугинка на Маркатруда. Од оваа врска потекнуваат:
    • Клотар (околу 567 - 577). Починат од чума.
    • Клодомир (околу 569 - 577). Починат од чума.
    • Клотилда (околу 573 - околу 600). Немажена.
    • Клодоберж (околу 575 - ?).

Култ[уреди | уреди извор]

Грегориј Турски зборува за повеќе чуда кои биле извршени за време и после неговата смрт и а кои тој самиот бил сведок (лекувал болни заразени од колера). Гробот на “добриот крал Гунтрам“ бил пронајден во 15 век, со што култот почнал да се шири во неговото кралство. Но во 16 век хугенотите го опустошиле неговиот гроб и ги растуриле реликвиите. Останала само главата која е зачувана во еден реликвиум [7].

Тој се смета за свет заштитник на разведените и молитвите кон него се во насока на смирување на семејните кавги и за помирување на две гранки од некое раскарано семејство.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Шаблон:Mgr Paul Guerin, Les petits bollandistes. Vies des Saints, Paris, éditions Saint-Rémi, 1876.
  2. Bruno Dumézil, La reine Brunehaut, Paris, Éditions Fayard, 2008, p.9 ; Laurence Charlotte Feffer et Patrick Périn, Les Francs Tome 2 : A l'origine de la France, Armand Collin Editeur, Paris, 1987, p.130.
  3. Grégoire de Tours, Histoire des francs, livre IX, 21.
  4. Ivan Gobry, Les premiers rois de France : la dynastie des mérovingiens, collection « Documents d'Histoire », éditions Tallandier , 1998, page 227.
  5. Ivan Gobry, Les premiers rois de France : la dynastie des mérovingiens, collection « Documents d'Histoire », éditions Tallandier , 1998, page 247.
  6. La famille de Gontran est connue par L'Histoire des Francs de Grégoire de Tours. Sauf Magnacaire qui se trouve dans La Chronique de Marius d'Avenches.
  7. Etienne Lelièvre, Les Saints de souches royales, Ed. Le Sarment FAYARD, 1999.

Извори[уреди | уреди извор]

Гунтрам (крал)
Роден(а): 545 Починал(а): 592
Претходник
Клотар I
Крал на Бургундија
561–592
Наследник
Хилдеберт II