Луј III од Франција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Луј III
Крал на Западна Франкија

Ludwigslied.jpg
Првите две страници на старото издание на Песната за Луј, поема напишана во слава на неговата победа врз Викинзите кај Сокур
На престол 879–882
Франција сепември 879
Претходник Луј Д‘ткавиот
Наследник Карломан II
Татко Луј Д‘ткавиот
Мајка Ансгарда Бургундска
Роден(а) 863/865
Починал(а) 5 август 882
Сен Дени, Ил де Франц, Неустрија
Почивалиште Базилика Сен Дени

Луј III (помеѓу 863 и 865 – 5 август 882) бил крал на Франките од 879 до 882. Тој владеел во Западна Франкија, заедно со неговиот помлад брат Карломан II, кој го надживеал и владеел сам по неговата смрт.

Кралството[уреди | уреди извор]

Луј III бил син на Луј II наречен "Д‘ткавиот" и Ансгарда Бургундска[1]. Тоа бил назначен како единствен наследник од страна на неговиот татко кој го ставил под заштита на Бернар од Оверњ, Опатот Хуго и Бозон од Прованса.

Кога се родил Луј, неговиот татко бил крал на Аквитанија а дедо му Карло Ќелавиот владеел со Западна Франкија. Некои сомневања биле покренати во врска со неговиот легитимитет, бидејќи неговите родители тајно се венчале а Ансгарда подоцна била избркана на инсистирање на Карло. Кога Карло умрел во 877 година, а потоа и Луј Д‘ткавиот починал две години подоцна, некои франциски благородници се залагале за избор на Луј како единствен крал, но друга страна била за тоа секој брат да владее со посебен дел од кралството. Во септември 879 година, Луј бил крунисан во опатијата во Фериер. Во март 880 година, во Амиен, браќата го поделиле татковското кралство, Луј го добил северниот дел, наречен Неустрија.

Каролиншката империја во 880, според Рибемон. Делот на од Луј III е означен со виолетова боја.

Крунисување[уреди | уреди извор]

Во септември 879, благодарение на поддршката на аристократијата на Западна Франкија меѓу кои Бернар од Оверњ, Опатот Хуго, Бозон од Прованса и Теодорик од Вержи, крунисувањето на Луј III и на неговиот помлад брат Карломан набрзина било прославено во опатиската црква Св.Петар и Павле во Фериер, во близина на Монтаржи, од страна на архиепископот од Сенс Ансежиз.

Наследството на Луј II се поделило во март 880 во Амиен[2]: Луј ја добил Неустрија, додека неговиот брат Карломан го добил западниот дел на Бургундија, Аквитанија и Септиманија. Двајцата браќа успеале од наследството да го исклучат Хуго, синот на Лотар II[3].

Денар од времето на Луј III.

За да има мир и за да можат да се справат со Норманите, двајцата браќа морале да преговараат со својот братучед Луј Младиот, кој го побарал западниот дел на Лотарингија добиена во 870 од страна на Мерсенскиот договор. На почетокот на 880 година, тие биле принудени да му ја препуштат со потпишувањето на Рибемонскиот договор[4]. Тие исто така морале да се борат и за Бургундија, оспорена од страна на нивниот роднина Бозон, кој се прогласил себеси за крал на вратеното кралство Бургундија (вклучително и Прованса). Во август 880, двајцата браќа тргнале во војна против него и дошле до портите на градот Макон. Војниците на Бозон биле поразени во битката кај Креш-сир-Саон и Каролинзите си го вратиле грофовството Макон.

Победата на Луј III и Карломан II над Викинзите во 879, слика на Жан Фуке.

Битка против Викинзите[уреди | уреди извор]

На 30 ноември 879, двајцата браќа извојувале убедлива победа врз Викинзите, кои стигнале веќе до Виена[5].

Во август 881 година, Луј III ја добил битката кај Сокур-ен-Виме, каде погинале околу 8000 Викинзи. Оваа победа имала значително влијание. Тоа била овековечена преку „Песната за Луј“ (старогорногермански: Ludwigslied), која веројатно била напишана набргу после битката[6].

Портретите на Луј III и Карломан II, слика од Карл Штејбен, 1837.

Владеење[уреди | уреди извор]

Луј III умрел на 5 август 882 на околу 18 годишна возраст. Тој ја скршил главата на работ на некоја премногу ниска врата и паднал од коњот додека ја бркал ќерката на некој Гермонд, која трчала да се засолни во куќата на нејзиниот татко.[7][8] Неговото тело било погребано во базиликата Сен-Дени. Неговиот брат Карломан станал единствен крал на Западна Франкија.

Види[уреди | уреди извор]

Луј III од Франција
Роден(а): 863x65 Починал(а): 5 август 882
Претходник
Луј Д‘ткавиот
Крал на Западна Франкија
10 април 879 – 5 август 882
со Карломан II
Наследник
Карломан II

Користена литература:[уреди | уреди извор]

  • Жане Нелсон, Карло Ќелавиот, Aubier, 1994[9] (ISBN 2700722612).
  • Лоран Теис, Нова историја на средновековна Франција, т. 2 : Наследството на Карловците : од смртта на Карло Велики до околу 1000 година, Paris, Seuil, coll. « Points. Histoire » (no 202), 1990, 280 p[10]. (ISBN 978-2-02-011553-7).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Généalogie de Louis III sur le site Medieval Lands [архива].
  2. Charles du Fresne, sieur du Cange, Histoire de l'état de la ville d'Amiens et de ses comtes [archive], 1840, p. 46
  3. Annales de Saint-Bertin, 880, p. 221.
  4. Laurent Theis, L'Héritage des Charles de la mort de Charlemagne aux environs de l'an mil, 1990, p. 115
  5. BnF - Jean Fouquet [архива].
  6. Mémoires de la Société des antiquaires de Picardie [архива], 1861, p. 43.
  7. Philippe Le Bas, L'Univers, histoire et description de tous les peuples - Dictionnaire encyclopédique de la France [archive], tome 10, 1843, p. 339.
  8. « Играјќи се бркал некоја млада девојка која бегала накај куќата на татко ѝ». Nelson 1994, стр. 277.
  9. Janet Nelson, Charles le Chauve, Aubier, 1994
  10. Laurent., Theis, (1990). L'héritage des Charles : (de la mort de Charlemagne aux environs de l'an mil). Paris: Seuil. ISBN 9782020115537. OCLC 21531283. https://www.worldcat.org/oclc/21531283. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]