Теодомер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Теодомер (или Теодомир), син на Рикомер, франкиски војсководец во служба на Рим и конзулот во 384, и на Аскила, бил крал на Франките, веројатно на оние рипуарските,[а][1],[2], на почетокот на 5 век. Тој бил заклан заедно со мајка му во 421 или во 428.

Животопис[уреди | уреди извор]

Единствен сигурен извор за Теодомер даваат раскажувањата на Григориј Турски кој споменува дека римски извори зборуваат за Теодомер, крал на Франките и син на Рикомер и Аскила, заклан од страна на Римјаните заедно со неговата мајка. Не се знае точната дата на овие настани а датите 421[3],[4] или 428[5] се рани. Датата не ја кажуваат ниту Годфроа Курт ниту Мишел Руш[6],[1].

Може да се чини чудно тоа дека синот на некој франкиски војсководец во служба на Рим кој редовно е присутен во дворот станува крал на Франките. Сепак тоа се случувало и порано во минатото, во случајот на Малобавд кој триесет години претходно бил « гроф на домашните » во римската војска и « крал на Франките »[7],[8].

Тој потоа бил заклан заедно со мајка му од страна на Римјаните со мајка му во 421 или во 428. Во делото “Речник на Франките, меровиншките времиња“ ( Dictionnaire des Francs, les Temps mérovingiens ), (1996), Пјер Рише го смета следново : « Тој ја поддржува каузата на узурпаторите Константин III и Јовин ». Според него, Теодомер бил погубен од тамошната римска власт (под императорот Хонориј) бидејќи ги поддржувал узурпаторите[3]. Тоа е можно, но узурпаторите Константин и Јовин биле од 407 до 411 и не е многу јасно зошто Хонориј би чекал 10 до 20 години за да ги казни нивните поддржувачи.

Хипотези околу неговото потомство[уреди | уреди извор]

Според некои автори, Теодомер би можел да биде таткото на Хлодион Долгокосиот, но за тоа прашање сè уште се дебатира.

  • Околу 580, Григориј Турски се ограничува на тоа да каже дека Хлодион владеел после Теодомер. Тоа само покажува дека Григориј Турски не знаел дали имало роднинска врска меѓу Теодомер и Хлодионse. Тој за ова пишувал еден век подоцна и несомнено користел извори достапни во негово време, но во овие документи немало податок за тоа. Исто така не се знае ни тоа дали Хлодион веднаш го наследил Теодомер или меѓу двата крала поминало време од неколку години[5].
  • Околу 660, Хрониката на Фредегер прецизира дека Хлодион го наследил својот татко Теодомер. Но повеќето историчари сметаат дека тој текст е погрешно толкување на оној на Григориј Турски, кој се чини поверојатен. Сепак, постои слаба можност авторот на Хрониката да имал пристап до поразлични извори од оние на Григориј Турски како што покажуваат неколку анегдоти кои не фигурираат во Грегориевата 'Историја на Франките. Оваа роднинска врска меѓу Теодомер и Хлодион не може ниту да се потврди ниту пак да се отфрли[5].
  • Најпосле во 727, Liber Historiae Francorum раскажува дека таткото на Хлодион бил франкиски крал кој се викал Фарамонд, непознат за тогашните извори (првпат Фарамонд бил споменат на почетокот на 7 век). Таа теорија преовладувала за време на средниот век и Стариот режим, но потоа била напуштена после делата на Годфроа Курт[5].

Без да прецизира дали Теодомер е тетко на Хлодион, Годфроа Курт смета дека Теодомер (односно Теодомер) за припадник на Меровинзите[6]. Најпосле, според Кристијан Сетипани, ономастичките елементи кои го сочинуваат името Рикомер и Теодоми(е)р (Рикомер и Теодомер) постојат и кај потомците на Хлодион (Меровех, Хилдерик, Теодорих, Клодомир)[5].

Белешки[уреди | уреди извор]

  • а Сепак не се согласуваат сите дека бил припадник на Рипуарските Франки. Примарните извори не прецизираат дека Теодомер бил Рупуарски Франк, тоа го тврдат само историчарите Мишел Руш и Кристијан Сетипани, но не се знае на кои извори се потпираат.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Rouche 1996, стр. 107.
  2. Settipani 1996, стр. 28-29
  3. 3,0 3,1 Riché & Périn 1996, стр. 321, notice « Theudomer ».
  4. Werner 1984, стр. 298.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Settipani 1996, стр. 29
  6. 6,0 6,1 Kurth 1896, стр. 152.
  7. Kurth 1896, стр. 103
  8. Settipani 1996, стр. 27

Примарни извори[уреди | уреди извор]

Ги читаме и конзуларните табели дека Теодомер, кралот на Франките, син на починатиот Рикомер, и неговата мајка Аскила биле заклани. Се кажува исто така и дека Хлодион, кој тогаш бил способен човек и многу благороден во неговата нација, бил крал на Франките


(Григориј Турски, Histoire des Francs, Livre 2, chapitre 9).

Долго време, тие (Франките) одбивале со своите војводи да трпат странски доминации ... Потоа, откако исчезнале војводите, кај Франките одново воспоставиле кралеви кои биле од фамилијата на оние што порано постоеле ... Франките кои барале да одберат долгокос крал... именувале еден кој го земале од лозата на Пријам, Фригас и Франсијон. Тој се викал Теудемар ; тоа бил синот на Рицимер, личноста убиена од страна на Римјаните... На овој пак наследник му бил син му Хлодион


(Фредегер, Chronique, 2-9).

Второстепени извори[уреди | уреди извор]

  • Godefroid Kurth, Clovis, le fondateur, Éditions Tallandier, 1896 (réimpr. 2000) (ISBN 2-235-02266-9) .
  • Karl Ferdinand Werner, Les Origines, avant l'an mil [détail des éditions] .
  • Christian Settipani, Les Ancêtres de Charlemagne - Addenda, Paris, 1990 .
  • Pierre Riché et Patrick Périn, Dictionnaire des Francs - Les temps Mérovingiens, Bartillat, 1996, 370 p. (ISBN 2-84-100008-7) .
  • Christian Settipani, « Clovis, un roi sans ancêtre ? », dans Gé-Magazine, no 153, octobre 1996 .
  • Michel Rouche, Clovis, Éditions Fayard, 1996 (ISBN 2-213-59632-8) .