Генобауд (3 век)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франкиските народи во 3 век [1].
Со портокалово, Римското Царство ; со зелено, франкиски народи.

'Генобауд или Генебод бил крал на Франките « на бреговите на океанот l'Océan » на крајот од 3 век. Тој е првиот франкиски водач познат на историјата.

Франки[уреди | уреди извор]

Франките се сојуз (лига) на германски народи која се оформила во првата половина на 3 век, како одговор на создавањето на лигата на Алеманите[2]. Во 241, некој прв франкиски напад, веројатно на Хатите бил одбиен од страна на Аурелијан, кој убил седумствотини Франки и заробил триста, подоцна продадени како робови[3],[4].

Животопис[уреди | уреди извор]

Караусиј е менаписки римски офицер задолжен од страна на царот да ја брани Галија од нападите на саксонските и франкиски пирати, но тој повеќе сакал да соработува со нив оставајќи ги слободно да делуваат и да го делат со него пленот. Кога требал да биде осуден, Караусиј, кој ја контролирал римската флота, се повлекол во Британија каде себеси се прогласил за император во (286)[5].

Максимијан Херкул, новоизбраниот император, отишол во Галија да го задуши бунтот, но не можел да делува во Британија бидејќи Караусидиј ја узурпирал флотата. На 1 јануари 287, тој бил предводник на прославата за инаугурација на неговиот конзулат, кога добил информација за франкиските напади коишто тој веднаш ги задушил [6]. Поддржани од страна на Караусиј, кој станал нивен сојузник, Франките ја преминале Рајна за да го заземат островот Батавија и Шелда, земји кои се наоѓале во рамки на Империјата но речиси ненаселени од страна на Римјаните. Караусиј веќе го контролирал Портус Итиус (денес Булоњ-сир-Мер), а оваа франкиска колонијализација му овозможувала да контролира три значајни пловни патишта (реките Рајна, Меза како и Шелда) [7].

За да подготви преземање на Британија, Максимијан треба да покори еден од овие два региона и затоа го нападнал устието на Рајна. Тој тука ги донел своите легии, ја опустошил земјата и мошне брзо ги покорил варварите кои, под водство на нивниот крал Генобауд, му се потчиниле на царот, кој им доделил мировен договор (федус), со кој им било дозволено да останат во регионите под римска окупација и доминација, во (288). Франките тогаш ги ослободиле сите нивни римски заробеници. Максимијан на ова подрачје оставил војници и занаетчии со цел да изгради флота против Караусиј, но таа експедиција била неуспешна и дури пет години подоцна, во 293, Констанциј I Хлор ќе ја освои Британија и тоа набрзо после убиството на Караусиј и откако претходно ќе го заземе Портус Итеус [8],[9],[10].

Не се знае точно од кој народ потекнува Генобауд. Првите хипотези се дека тој бил припадник на Хамавите, народ кој бил дел од франкискиот сојуз, потоа дека бил Бруктер, бидејќи различните воени операции на Максимилијан се наоѓаат спроти Келн, каде на тоа време живеел тој народ. Најпосле, врз основа на терминот « крал на Франките на бреговите на Океанот » кој го дал некој римскиот панегрист, Жан Пјер Поли предлага во него да се гледа како на Хаук, односно како на припадник на древното франкиско племе Хауци[11],[12]

Белешки и наводи[уреди | уреди извор]

  1. Според (Feffer Périn, 1987, стр.30 и 33).
  2. Ref-Riché-Francs, passage 158, белешка « Франки ».
  3. Flavius Vopiscus, Aurelianus, chap.7.
  4. Kurth, 1896, p. 43-44.
  5. Kurth, 1896, p. 68.
  6. Kurth, 1896, p. 69.
  7. Kurth, 1896, p. 70.
  8. Kurth, 1896, p. 71-72.
  9. Rouche, 1996, p. 78-79.
  10. Werner, 1984, p. 249-250.
  11. Selon Предлошка:Article.
  12. Settipani, 1996, p=27.

colonnesГенобауд (3 век)]]

Анекси[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Библиографија[уреди | уреди извор]