Хамави

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Continental.coast.150AD.Germanic.peoples.jpg

Хамавите биле германско племе од доцниот антички период и раниот среден век. Тие прво се појавиле под ова име во 1 век во книгата Германија на Тацит како германско племе кое, во поголемиот дел на нивната историја, живееле должсеверниот брег на долниот дел на Рајна во регионот кој денес се нарекува Хамаланд –наречен по нив, кој е во Герделанд провинција во Холандија. Тацит (op. cit. 34) ги лоцира на запад од Фризија.

Потекло[уреди | уреди извор]

Тацит вели (35) дека Хамавите се населиле во земјата на Бруктерите. Што се однесува до тоа зошто Бруктерите веќе не биле таму, се опишува во латинската реченица која не открива детали:

Tacitus:pulsis Bructeris ac penitus excisis vicinarum consensu nationum...((македонски) Бруктерите беа протерани и потоа уништени од сојуз на соседни народи...


. Овие соседи се впрочем подоцнежните Салиски Франки.

Овие пасуси кај Тацит го поттикнуваат прашањето ако Хамаланд е прататковината на Бруктерите, тогаш каде тие биле претходно? Еден одговор е дека тие биле населени во долините на бреговите на север (Германите постојано се преместувале од север на југ). Многу нивни населби биле нарекувани Хам, вклучително веројатно и денешниот град, Хамбург. Името на градот можеби потекнува од називот на племето – Хамави.

Најдобрата етимологија го изведува Хам од германскиот збор *haimaz, "дом", од индоевропскиот *tkei-, "((англиски): settle)", од каде и потекнува горно-германскиот префикс , именката, -heim. Префиксот -avi, придавски завршеток, подоцна резултирал со -au во имињата на другите места. Хамави според ова би требало да значи "луѓе од населбите" или "населеници." Кога и во која смисла тие биле тоа е изгубен податок во тек на праисторијата.

Движењето низ Рајна[уреди | уреди извор]

Аналите на Тацит кажуваат една очигледно контрадикторна приказна (13.55). За да ги задржат своите римски војници од Долна Германија зафатени, нивните команданти ги испратиле преку Рајна и во напуштените земји да работат на некаков канал. Поради кавга со римските команданти на Белгија, војниците биле повлечени, а Фризите испратиле свои луѓе на таа земја. Римјаните ги избркале. Ампсивариите го сториле истото. Тие тврделе дека таа земја била населена од Хамави, по кои дошле Тубантите и Узипетите. Не се знае точно зошто земјата на Хамавите била напуштена. Единственото што се знае е дека подоцна на таа иста земја имало Франки.

Птолемеј индиректно го дава одговорот. Во Географија (2.10), вели дека Хамавите (латинизирано како Camavi) биле до Хаерусците кои според Тацит се во Долна Саксонија близу Хановер, или можеби Турингија и Анхалт. Се чини некои Хамави ја напуштиле својата земја за да се преселат нагорно по реката.

Со Салиските Франки[уреди | уреди извор]

Следниот пат кога Хамавите се појавиле во историјата, тие веќе биле со Салиските Франки. Некое време после Птолемеј, земјата што некогаш било Зајдер Зи, сега дел од Холандија, станала населена со народ кој се нарекувал Салии ("луѓе на солената вода"). Во себе содржејќи елементи на Фризи и Хамави, но и на Батавии, тие станале различна етничка група и почнале да го населуваат регионот станувајќи проблем за Римјаните. Речиси секогаш биле во сојуз со Хамавите.

Латинските панигирики, серијал од дванаесет говори за слава на римските императори, ги опишуваат напорите на Констанциј Хлор таткото на Константин Велики, да ги пацифицира Франките, кои пак се разликувале од Хамавите.

Конфликти со последните римски императори[уреди | уреди извор]

Во доцниот 3 век Констанциј сметал дека е неопходно да се тргнат Франките од Белгија, кои постојано се населувале на тој регион, но без да сака да ги уништи. Оставајќи ги мирољубивите Франки, тој ги затворал и ги депортирал само оние од племето кои биле воинствени а потоа како лаети, ги префрлал во Бургундија, каде работеле земјоделие или пак служеле во римската војска. Се знае дека Хамавите биле дел од нив бидејќи има населба пагус (Х)амаворум (што би било ’’земја на Хамавите’’). Овие Франки подоцна дошле на високи позиции и доминирале во римската војска на Рајна. Некои Римјани Хамавите ги сметале за Франки. На појтингеријанската мапа, која датира порано од 4 век, напишана е белешка во простор северно од Рајна.

на латински : Hamavi qui et Pranci, или на македонски:Хамавите, кои исто така се Франки


Хамавите исто така се појавуваат и во Нотициа Дигнитатум од 5 век, како римска воена единица. Долго пред тоа, слушаме за нив во писмото на Флавиј Клаудиј Јулијан (Јулијан Отпадникот бидејќи се преобратил од христијанство во паганство) до атињаните. Тој вели дека ги натерал Салиите да се заколнат на мир и дека ги однел Хамавите надвор од Галија.

Целата приказна е раскажана од Амијан Марцелин (17.8-9). Двете племиња знаеле дека се онаму каде што не требале да бидат, но се надевале дека нема да мораат да се борат. Кога Јулијан дошол со војска, тие пратиле гласници да молат за мир ветувајќи му дека ќе си одат дома и дека таму ќе останат. Јулијан не им ветил ништо а потоа тајно ги прател гласниците до нивните војски кои ги нападнал со елементот на изненадување. Некои од Хамавите биле убиени, други поробени а останатите избркани од таму кајшто дошле. После тоа Хамавите уште еднаш биле споменати од Григориј Турски како дел од Франките и во некаков законик за време на Карло Велики. По 9 век тие изчезнуваат од нивната провинција претопувајќи се во новите популации на Холандија.

Извори[уреди | уреди извор]