Аскарик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Амфитеатарот во Трир

Аскарик (Ascaricus на латински) бил франкиски крал кој владеел меѓу крајот на 3 век и почетокот на 4 век.

Името Аскарик или Аскарих (латински: As(s)ac(c)arius, потекнува од старогерманскиот asc, што значи „дрво“, синоним за „јасен“ и алузија на Водан, и ric, синоним за rex, што значи „крал“). Аскарик е споменат во Латински панегирики (анонимен автор од 6 и 7 век) и од Еутропиј и Еумениј.

Биографија[уреди | уреди извор]

Откако се групирале во сојузи (лиги), во средината на 3 век, Франките почнале да сочинуваат закана за северниот дел на римската империја, поради зачестените напади кои ги вршеле на римска територија. На почетокот на 300-тите години, во сојуз со други франкиски банди, од кои и онаа на Мерогез, друг крал на друго племе, тој е закана, пљачкајќи го и пустошејќи го регионот на Рајна. Исто како и неговите претходници Максимијан и Констанциј I Хлор, Константин I се зафатил со тоа да ги покори навлегувајќи на франска територија, спроти Келн. Франките мошне брзо биле поразени и заробени во 306. Дел од поробените станале дел од римската војска, но императорот сакал да даде пример и да ги застраши останатите од племето со тоа што двајцата франкиски кралеви, Аскарик и Мерогез биле фрлени на дивите ѕверови во амфитеатарот на Трир[1],[2].

Иако Аскарик и Мерогез се нарекуваат кралеви (« rex »), тие веројатно сепак биле само обични поглавари на своите племиња, избрани или прогласени за кралеви во рамки на своите воени банди и кои владееле во регионот на Келн. Народот врз кој владеел Аскарик веројатно е оној на Бруктерите.

Наводи и белешки[уреди | уреди извор]

  1. Kurth, 1896, p. 75
  2. Rouche, 1996, стр. 79.

Анекси[уреди | уреди извор]

Поврзани статии[уреди | уреди извор]

Првостепен извор[уреди | уреди извор]

Второстепени извори[уреди | уреди извор]

  • Kurth-Clovis.
  • Rouche-Clovis.
  • Landriot, Jean-François-Anne, and Rochet, Benoît Joseph (1854). Traduction des discours d'Eumène: accompagnée du texte. Autun: Michel Dejussieu et Louis Villedry.
  • Long, Jacqueline (1996). Claudian's In Eutropium: Or, How, When, and Why to Slander a Eunuch. Chapel Hill: UNC Press. ISBN 0 807 822 639.